Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Собирање тартуфи: Свежината на тартуфите се зачувува во волнена торба
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Собирање тартуфи: Свежината на тартуфите се зачувува во волнена торба
Магазин

Собирање тартуфи: Свежината на тартуфите се зачувува во волнена торба

Објавено 29/09/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Милош Илиќ од Врање уште од дете бил фасциниран од шумата, а за печурките учел од најдобрите одгледувачи на печурки од неговата област.

Со тартуфите се запознал кога неговиот побратим од Панчево го поканил да одат на лов на тартуфи – најскапите печурки во светот.

„Тргнавме „во лов“ рано наутро, и во моментот кога го најдовме првиот бел тартуф, адреналинот проработи кај мене и веднаш знаев дека ќе почнам да ја работам оваа работа“, вели Илиќ.

Тренира кучиња да наоѓање тартуфи

Веднаш по враќањето во Врање, купил куче што самиот го тренирал да наоѓа тартуфи. На почетокот, додека не се зафатил целосно со оваа работа, советите што ги добил од неговиот побратим му биле од голема помош. Со текот на времето, станал многу вешт што сега лесно ги следи шумските патокази кои непогрешливо го носат до местата каде што растат тартуфи.

„Обично тргнувам во раните утрински часови. И додека се движиме низ шумата, кучињата ги бараат. Обучени се веднаш да ми ги носат црните тартуфи на длабочина до 20 сантиметри“, вели единствениот одгледувач на тартуфи во областа на Врање.

Меѓутоа, неговите кучиња се однесуваат поинаку кога станува збор за лов на бели тартуфи, кои достигнуваат цена и до пет илјади евра на светскиот пазар, а кои можат да се најдат и на длабочина од еден метар. Во тие случаи, тој може да потроши и до четири часа копајќи го каналот додека не стигне до местото каде што се наоѓа овој вид тартуфи. Кога ќе го најде белиот тартуф, секогаш го наградува своето куче.

Свежината на тартуфите се зачувува во волнена торба

Ловот за црни примероци трае од мај до октомври, а сезоната за лов на бели тартуфи започнува од октомври до февруари, така што во тој период Илиќ го поминува поголемиот дел од времето во шума. Додека бара тартуфи, тој поминува во просек од 15 до 20 километри дневно и секогаш носи маркер-елек за обележување за време на сезоната на лов на диви животни. Никогаш не оди на лов на тартуфи без волнени чорапи, кои многупати го спасувале од настинки кога се враќал дома со влажни стапала, но и волнена торба во која, додека се движи низ шумата, ги носи собраните тартуфи.

„Само во волнена торба можам да ја сочувам свежината на тартуфите, и затоа секогаш ја носам“, ја открива неговата мала тајна Илиќ.

Кога не е во „лов“, ги тренира своите кучиња со италијанско потекло, lagoto romanjolo. Тој одлучил да ја обучи оваа раса затоа што тие многу лесно се тренираат за да ја вршат оваа работа и затоа што имаат силно чувство за мирис и се многу вешти при копање. Имаат и добро крзно што ги штити на есен, а во зима ги штити од трњата додека се движат низ шумата.

Илиќ има големи планови за во иднина кога станува збор за тартуфите. Тој во моментов ги прави потребните подготовки за да започне со производство на некои специјалитети со оваа печурка, која наскоро има намера да ја промовира и понуди на пазарот.

Извор: agroklub.rs

Може да ви се допадне

Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Кох од гриз
Таг:тартуфи
Претходен напис Младиот пчелар Ане Василков испраќа порака за зачувување на пчелите
Следен напис Дебата за предизвиците во програмирањето и реализацијата на програмата ИПАРД III (2021 – 2027)
1 коментар 1 коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?