Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (Видео) Со садење во вреќа, боровинката се штити од плевел, од глодари, а ѝ се регулира и киселоста
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > (Видео) Со садење во вреќа, боровинката се штити од плевел, од глодари, а ѝ се регулира и киселоста
Растително производство

(Видео) Со садење во вреќа, боровинката се штити од плевел, од глодари, а ѝ се регулира и киселоста

Објавено 02/03/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Освен хризантеми и еукалиптус, Тајана Станиќ од Пожега одгледува американски боровинки во вреќи. Тајана смета дека на овој начин поефикасно се штитат растенијата од плевел, но се регулира и киселоста на почвата, која е неопходна за оваа култура.

принтскрин/Youtube

„pH вредноста треба да биде од 4,3 до 4,8. Тоа се постигнува со мешање на земјата со кисел балтички тресет, кокосови влакна и перлит, кои воедно ја задржуваат топлината и влагата“, објаснува Тајана за Земјоделската телевизија.

Сака кисела почва и има потреба од влага

По садењето се додаваат струготини, а Тајана советува дека ова е најдобро да се направи на есен, за киселината постепено со дождот да навлегува во почвата.

принтскрин/Youtube

Исто така, треба да се исече на висина од околу 20 сантиметри за повторно да потера и да се стимулира коренот за подобро примање.

„Во првата година по садењето, цветните пупки се режат со цел да се добие грмушка што за една година треба да има еден килограм по садница. Во полната родност, боровинките можат да дадат од шест до 12 килограми од грмушка“, вели Станиќ.

Инаку, боровинката е многу издржлива, поднесува ниски температури, а некои сорти издржуваат дури и до -30° С. За да развие големи плодови полни со сок потребно и е сонце, а потребна и е и влага, особено од април до јули, кога започнува цветањето и зреењето на плодовите.
На семејната фарма на Тајана планираат наскоро да наводнуваат со систем „капка по капка“.

Тајана засадила 400 садници од две сорти, раната „дјук“ и доцната „либерти“.

принтскрин/Youtube

„Раните сорти на нашето поднебје подобро успеваат, поради климата и температурата добиваме плодови порано и затоа постигнуваме повисока цена. Доцната сорта доаѓа во повеќе интервали, можете да ја берете и цел месец, еднаш неделно“, објаснува таа.

Бидејќи боровинките имаат плиток корен, во вреќи можат да бидат и до 10 години. После тоа, се пресадуваат во поголеми до 100 литри.

принтскрин/Youtube

„Грмушката може да доживее 50 години, а садењето во вреќи им овозможува секогаш да имаат почва во која најдобро напредуваат“, вели Тајана.

Иако можат да се садат напролет, експертите препорачуваат да се садат во есен. Вреќите се ставаат на платно и на тој начин, покрај од плевелот, се штити и од продирање на кртови и глодари. Птиците се исто така големи предатори на оваа култура, па затоа е важно да се заштитат со ограда или мрежа.

Извор: agroklub.com

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Култивирано одгледување на ароматични, зачински и лековити растенија: Одржлива и доходовна можност за современо земјоделство
Таг:боровинкавреќи
Претходен напис СЗО смирува: Ризикот од пренесување на птичјиот грип од Русија од човек на човек е мал
Следен напис Ниските температури и мразот ги оштетиле кајсиите во Србија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?