Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Со прекугранична соработка ќе се отвораат нови перспективи за кратовските средношколци преку руралниот туризам
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Со прекугранична соработка ќе се отвораат нови перспективи за кратовските средношколци преку руралниот туризам
АгровестиРурален Развој

Со прекугранична соработка ќе се отвораат нови перспективи за кратовските средношколци преку руралниот туризам

Објавено 01/06/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Средното општинско училиште „Митко Пенџуклиски“ – Кратово реализира проект во секторот угостителство и туризам „Рурален туризам, нова перспектива во младинските мобилности“, со кој ќе се отвораат нови перспективи за младите ученици.

Станува збор за ИПА проект финансиран од Европската Унија во рамки на прекуграничната програма за соработка со Република Србија.

– Партнери на нашето училиште се Средното училиште „Светозар Крстиќ-Тоза“, Вучје, Град Лесковaц и Здружението „Безгранично“ од Белград, со поддршка од Општина Кратово.

Првата активност е креирање бренд стратегија за Кратово како туристичка дестинација за рурален туризам насочен кон младите.

Процесот ќе трае неколку месеци, а учесници се сите засегнати страни со туризам и угостителство од Кратово. Со целиот процес управуваат проф. д-р Горан Дашиќ и проф. д-р Александар Дејановииќ од Белград.

Проектот предвидува целосно опремување младински хостел со соби за сместување, кујнски и ресторански дел, младински хаб и магацин за опрема за алтернативни форми на туризам: велосипеди, шатори, вреќи за спиење и слично, информира професорот Младен Мицевски од СОУ „Митко Пенџуклуски” – Кратово.

Дополнително, со овој проект ќе се креира петдневен туристички аранжман за млади во Кратово, веб-портал за промоција на туристичките компании и вредности на двете општини, обуки за професорите и учениците, апликација за туристички водич на отворено, меѓусебна размена на ученици.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Митко Пенџуклиски“ – Кратоворурален развој
Претходен напис Започната постапката за донесување Закон за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата
Следен напис Николовски: Исплатени околу 290 милиони денари субвенции за овоштарство кон 10.604 корисници
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?