Во општина Карпош во тек е акција за поставување средство за превенција, односно за заштита од змии на повеќе локации каде е забележана нивната појава. Како што информираат, станува збор за „репелент“, природен производ кој е безопасен за луѓето, животните и околината, којшто придонесува за намалување на појавата на змии.
-Појавата на влекачи во овие делови е резултат на покачените температури во скопската котлина, како и распространетата вегетација. Оваа ситуација е карактеристична за повисоките места во општината. како што се Жданец и Трнодол, населби кои граничат со шумско подрачје и долж течението на реката Вардар. Од тие причини средството се поставува на неколку локации и тоа на потегот меѓу реката Вардар и булеварот Илиденска, во Трнодол, Жданец и долж Ловќенска 9, како и во училиштата, градинките и детските игралишта – велат од Карпош, пренесува Слободен печат.
Оттаму додаваат дека ова ефикасно средство содржи екстракција на етерични масла од тревки и дрвја, а дејствува на тој начин што шири мирис на свеж оган, при што ги одбива змиите да се приближат до одредена површина.
