Агрономите од Индискиот институт за зеленчук во Варанаси со калемење создале растение наречено Бримато. Според GaonConnection, секое од овие растенија дава околу 2,3 килограми домати и 2,64 килограми модри патлиџани, а истражувачите имаат планови да ги одгледуваат на поголеми површини.

„Калемењето на домати и модри патлиџани беше успешно. Двете култури се од исто семејство иако имаат различни карактеристики“, рече Анант Бахадур, главен научник на институтот кој го спроведе истражувањето.

Според него, научниците веќе извесно време работат на овој метод, а создавањето на растенијата Бримато е нивниот најголем успех. Тие претходно експериментирале со калемење зеленчук од исто семејство, а бидејќи се покажало успешно, сега планираат да го применат овој метод на растенија од различни семејства.
По околу 60 дена, започнува плодноста.
„Бримато има силни својства на модар патлиџан и толерира прекумерна количина на вода, како и суша“, истакна Бахадур. Како што објасни, модар патлиџан и домат се калемат кога модриот патлиџан има околу 25 до 30 дена, а доматот од 22 до 25 дена.
Тој додава дека патлиџанот се користи како основа поради неговата издржливост.
„По калемењето, растенијата се чуваат во контролирана средина со внимателно регулирана температура, влажност и светлина“, истакна тој, додавајќи дека тие потоа се префрлаат во потемна област пет до седум дена.

Како што тврди, целиот процес трае до 18 дена, по што Бримато е подготвен за садење на отворено, односно на поле. Плодоносењето започнува 60 до 70 дена по садењето.
„Овој метод би бил совршен за одгледување во градини, на тераси и слично“, вели Бахадур, наведувајќи го фактот дека на едно растение растат два различни плода.
Во моментов, овие истражувачи работат со фармерите за да експериментираат и истражуваат за да видат дали може да се зголеми одгледувањето на овие растенија. Името Бримато доаѓа од зборот „брињал“, како што се нарекува патлиџанот во Индија и англискиот збор „томато“ за домат.
