Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: СН Осигурителен брокер: Здравјето секогаш на прво место!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > СН Осигурителен брокер: Здравјето секогаш на прво место!
Агровести

СН Осигурителен брокер: Здравјето секогаш на прво место!

Последна измена: 06/10/2020 10:22
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

СН Осигурителен брокер АД Битола, во соработка со осигурителната компанија Евроинс АД Скопје, во рамите на својата понуда го има и доброволното приватно здравствено осигурување SN EUROHEALTH. Овој нивни продукт всушност е направен специјално за македонскиот пазар.

„ Нашата компанија овој производ го нуди повеќе од 2 години, но од јуни оваа година интересот значително е зголемен. Претпоставуваме дека тоа се должи на актуената ситуација со пандемијата од COVID 19. Иако морам да напоменам дека нашето доброволно здравствено осигурување не ги покрива трошоците настанати во врска со вирусот COVID 19, но најверојатно целокупната ситуација влијае врз психологијата на луѓето и ги тера да размислуваат за нивното здравје„- вели Емилија Десановска , продажен агент за SN EUROHEALTH.

Со доброволното приватно здравствено осигурување се покриваат трошоците за користење на здравствените услуги во рамките на СИТЕ приватни здравствени установи во Република Северна Македонија, без никакви ограничувања во однос на изборот на здравствената установа.

Со овој тип на здравствено осигурување, опфатени се следните здравствени услуги:

–Специјалистички прегледи

–Основни дијагностички мерења и снимања

–Лабораториски анализи и испитувања

–Амбулантски интервенции

–Амбулантска рехабилитација

–Комплексни дијагностички постапки

–Трошоци за лекови

–Дневна болница и дневна хирургија

–Дел од операции

–Дел од стоматолошки интервенции

Посебена поволност на SN EUROHEALTH., претставува тоа што со доброволното здравствено осигурување, опфатени се трошоци за породување, времето на престој во болница, нормално или со царски рез по медицинска индикација, трошоците од болничкото лекување поврзани со услуги од гинеколошка дејност, трошоци за болничко лекување на осигуреникот при спонтан абортус, болести и пореметувања на женскиот репродуктивен систем и болести и пореметувања на машкиот репродуктивен систем.

„ Би сакала да напоменам дека клиентите треба да прават разлика помеѓу доброволното здравствено осигурување и помеѓу животното осигурување кое секако е дел од нашата понуда. Договор за доброволно здрвствено осигурување клиентите склучуваат во траење од 1 година, а по истекот на таа година самите ќе одлучат дали истиот ќе го продолжат“- додава Десановска.

Од СН Осигурителен брокер, нудат дополнителна поволност за плаќање на рати и истото можат да го платат на 12 рати за само 515 денари месечно.

Успешниот тим на ова брокерско друштво, размислува во иднина да воведе и пакети во кои заедно со другите нивни производи би било вклучено и доброволното здравствено осигурување SN EUROHEALTH, бидејќи како што велат -здравјето секогаш е на прво место.

За подетални информации можете да се обратите кај:

Емилија Десановска -Продажен Агент за SN EUROHEALTH

тел : 075/ 807-225 [email protected]

Или на веб страната на СН Осигурителен брокер АД Битола www.snbroker.mk

–

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Трипуновски: Со откупувачите на младиот компир се постигна договор во корист на земјоделците
Нов проект на Северна Македонија и ФАО, поддржан од Зелениот климатски фонд за управувањето со шумски пожари и зголемена климатска отпорност
Јапонскиот министер за земјоделство поднесе оставка откако се пофали дека добива бесплатен ориз
Сообраќајот на сите патишта се одвива тековно, застои нема
Изменет режим на сообраќај на експресниот пат Штип-Кочани
Таг:SN EUROHEALT.Доброволно здравствено осигурувањесн осигурителен брокер
Претходен напис Од утре започнува аплицирањето за зелена карта за САД за 2022
Следен напис Водостопанство „Кумановско-Липковско поле“ почна со расчистување на одводни канали во руралните средини во Кумановско
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?