Во последните години се повеќе се зборува за потребата , земјоделците да го заштитат своето производство со тоа што ќе го осигураат. Климатските промени за кои се повеќе сме сведоци се само една од причините поради кои земјоделците час поскоро треба да направат осигурителна полиса за своите посеви , добитокот и сл.
СН Осигурителен брокер АД Битола, е водечка брокерска куќа кај нас која на различни начини се обидува да ја подигне свеста кај земјоделците за потребата од осигурувањето. Еден од начините е олеснување на постапката за осигурување да да им излезе во пресрет на потребите на земјоделците.
На нивна покана, заедно со агентот за земјоделско осигурување Благојче Кулевски се упативме во село Лажец битолско, кај Ѕано Фетиу еден од поголемите одгледувачи на крави во овој регион, кој исто така се занимава и со одгледување на житни култури. Ѕано соработува со СН осигурителен брокер околу три години, а денес ги повикал затоа што овие дена му завршува важноста на полисата за говедата.
Домаќинот не пречека во дворот на неговата куќа, а од СН Осигурителен брокер за него подготвиле мал новогодишен подарок. Веднаш не однесе во неговата фарма да видиме каде презимуваат говедата.
,,Моментално имам 47 грла говеда, тука во мојата фарма, и уште 15 високостелни јуници кои неодамна ги купив со поддршка на Министерството за земјоделство, треба да пристигнат за десеттина дена. Сега моментално се наоѓаат во карантин во село Логоварди. Исто така обработувам и околу 18 хектари земја на која садам пченка , пченица , луцерка, грашок и сл. Од произвотството на млеко живее целата моја фамилија и сите дома тоа работиме, јас сопругата, родителите , па дури и мојот шеснаесет годишен син кој е средношколец но секогаш помага кога има потреба. Во СН Осигурителен брокер препознав сериозна компанија и повеќе не можам да дозволам болест , временска неприлика или нешто слично да го уништи она за што сите максимално се вложуваме. Да се разбереме, во секоја поголема фарма со говеда секогаш има опасност до штета” – раскажува Ѕано.
Годинава произвеле околу 150 тони млеко, а за 2020 година планираат да го зголемат произвдствтоо на повеќе од 200 тони млеко.
– Сакам да ги зголемам и површините под луцерка која ја користам како храна за добитокот, затоа што годинава морав да купувам”, а тоа значително го поскапува производството – вели Ѕано.
Додека разгоаравеме , Благојче Кулевски од СН Брокер ни објасни дека постапката за осигурување е навистина едноставна.
,, Земјоделецот само треба да не повика и се останато е наша работа. Треба да се пополнат само два формулари и тоа еден прашалник и едно овластување. Треба да ги видиме секако и пасошите на говедата, а предходно, овластен ветеринар од нашата компанија ја утврдува расата и староста на говедата и секако се прави и проценка на нивната зравствената состојба. За растителното производство постапката е уште поедноставна. За оние земјоделци кои земаат субвенции доволно е да ја донесат потврдата за субвенционирање , а оние кои не земаат субвенции треба само да обезбедат имотен лист од парцелите кои ги осигуруваат и да објаснат кои култури имаат намера да ги садат.”- вели Кулевски.
Трошокот што треба да се плати како премија за полисата во случајот за фармата на Ѕано, до сега бил одприлика околу 5000-7000 денари по грло добиток. Тоа што Владата учествува во премијата за осигурување со субвенција од 60 % од вкупната сума значително му ги намалило трошоците.
,,Секако дека сум задоволен, парите што ги давам се малку во однос на она што го добивам . Штета имам речиси секоја година, а осигурителната компанија ми исплаќа толку колку што сме се договориле. Исплаќаат навреме и навистина нема зошто да се грижам или да имам недоверба кон нив. Сите земјоделци треба да го осигураат своето производство, бес полиса само ќе изгубат и нема да заштедат” – вели Ѕано
Разговорот помеѓу агентот и домаќинот течеше како да се познаваат долго. Очигледно си ги знаат проблемите, роковите на полисите и плановите за понатаму.
Се договорија да се видат за десеттина дена и веднаш да направат полиса за новопристигнатите јуници, а кон средината на наредниот месец да ја обноват полисата за житните култури.
За подетални информации околу условите за земјоделското осигурување побарајте ги брокерите на СН Осигурителн брокер:
За осигурување на добиток:
1. Благојче Кулевски 078 227 654
2. Бурим Јашаровски 078 496 967
3. Александар Лозановски 076 205 323
4. Љупчо Поповски 078 282 211
За земјоделско осигурување:
1. Илче Талевски 078 496 899
2.. Гоце Чавдаровски 076 249 602
3.. Таше Наумовски 078 455 545
4. Поли Источка 071 516 120
Напишете коментар