Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нови 13,3 милиони евра од ИПАРД 2 со мерката за инвестиции во материјални средства за земјоделски и рибни производи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Фондови > Нови 13,3 милиони евра од ИПАРД 2 со мерката за инвестиции во материјални средства за земјоделски и рибни производи
Фондови

Нови 13,3 милиони евра од ИПАРД 2 со мерката за инвестиции во материјални средства за земјоделски и рибни производи

Последна измена: 28/12/2019 12:18
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Нови 13,3 милиони евра од ИПАРД 2 Програмата преку мерката 3 „Инвестиции во материјални средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“ ќе бидат распределени со јавниот повик што е објавен денеска и ќе трае до 11 следниот месец.

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој информира дека мерката се однесува на инвестиции во преработувачки капацитети за: млеко и млечни производи, месо и производи од месо вклучително јајца и живина, овошје и зеленчук, житарици, мелнички продукти и скроб, растителни производи и маснотии од животни, шира, вино и оцет.

На фирмите и на земјоделските задруги им се овозможува да инвестираат во отворање преработувачки капацитети и опрема, при што 50 отсто од инвестицијата ќе им биде кофинансирана, односно финансиските средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка.

– Фокусирани сме кон развој и унапредување на преработувачките капацитети во агро секторот. На овој начин и преку овие мерки нудиме можност за развој на домашните земјоделски стопанства и агро компаниите. Преку осовременување на постоечките и отворање на нови производни капацитети очекуваме да постигнеме зголемено производство, пласман на домашните преработки и девизен прилив од извозот на домашните производи, изјави директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, истакна директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски.

Потребните обрасци од „Барањето за користење средства од ИПАРД Програмата 2014-2020“ како и „Упатство за корисници на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020“ во кој се содржани сите информации за критериумите, условите за прифатливост на проектите и условите за финансирање и останати информации кои се неопходни за изготвување на барање за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020, Упатство за изготвување на Деловен План и останати корисни информации во електронска верзија може да се превземат на веб-адресата на Агенцијата: www.ipardpa.gov.mk.

Печатените обрасци од барањето за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 и Упатство за корисници на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 може да се подигнат директно во Агенцијата на адреса:Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, бул. 3-та Македонска бригада бр.20, (згр. Македонија Табак блок Ц), 1000 Скопје и во најблиските регионални центри или работни единици на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.

MИА

Може да ви се допадне

Претставници од ЕУ на средба во Платежна агенција на тема ИПАРД
Најмногу дожд наврна во Скопје
Во Скопје утре авионска дезинсекција против комарци
Трипуновски: Обезбедени 132.000.000 денари за обнова на инфраструктурата за НАВОДНУВАЊЕ и ОДВОДНУВАЊЕ
Трипуновски за мерката „Млад земјоделец“: И тие кои дента ќе се евидентираат во МЗШВ можат одма да аплицираат за грант од 600 000 денари
Таг:агенцијаделовен планИпардмерка 3програмаСкопје
Претходен напис СН Осигурителен брокер во Лажец кај фармерот Ѕано Фетиу, полисата е склучена, кравите се на „сигурно“
Следен напис За земјоделците од кумановско, ХЕМОМЕТАЛ отвори нов плац во село Долно Коњаре
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?