Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: СН Осигурителен Брокер А.Д Битола свечено ги додели наградите за најдобар истражувачки труд и есеј од областа на осигурувањето
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агросектор > СН Осигурителен Брокер А.Д Битола свечено ги додели наградите за најдобар истражувачки труд и есеј од областа на осигурувањето
Агросектор

СН Осигурителен Брокер А.Д Битола свечено ги додели наградите за најдобар истражувачки труд и есеј од областа на осигурувањето

Објавено 04/06/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денес, во преубавиот амбиент на црквата Св. Софија во Охрид беа доделени наградите за најдобар истражувачки труд и есеј од областа на осигурувањето на студентите од насоката Осигурување од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, а врз основа на конкурсот што го распиша Факултетот во соработка со брокерско осигурителното друштво СН Осигурителен Брокер АД Битола.

На свечената манифестација пред наградените студенти свое обраќање имаа Деканот на ФТУ, проф. д-р Цветко Андреески, продеканот за настава Проф. д-р Александар Трајков, раководителот на насоката Осигурување Проф. д-р Вера Караџова и Советникот за маркетинг Марија Илковска од СН Осигурителен Брокер АД Битола, кои воедно ги доделија и наградите. Беше поздравена иницијативата на СН Осигурителен Брокер, како компанија со докажана општествена одговорност, за поддршка на научната мисла и академската заедница, промоција на значењето на осигурувањето како стопанска дејност и поддршка на работата на студентите од насоката Осигурување при ФТУ преку валоризација на нивниот труд и покажани резултати од реализираните истражувања.

СН Осигурителен Брокер АД Битола обезбеди плакети и стимулативни парични награди за најдобрите трудови. Наградата од 20.000 денари за истражувачки труд беше доделена на Виктор Жупаноски, студент од 4 година, за трудот под наслов: Дигиталната технологија како фактор за развојот на дистрибутивните канали во осигурувањето. Наградата од 10.000 денари за истражувачки труд беше доделена на Фортуна Муртезаи, студент од 4 година, за трудот насловен како: Осигурување од поплави.

Наградите за трудовите за најдобар есеј од областа на осигурувањето беа доделени на: Емилија Тодоровска, студент од прва година, наградена со 3.000 денари; Дарко Наумоски, студент од прва година, награден со 5.000 денари; Дијана Симуноска, студент од четврта година, наградена со 10.000 денари, а најдобриот есеј од областа на осигурувањето го направи Антонио Крстевски, студент од прва година, кој беше награден со 15.000 денари. СН Осигурителен Брокер и ФТУ Охрид најавија поинтензивна понатамошна соработка, во интерес на студентите и во насока на промоција на финансиско осигурителниот сектор во Македонија.

Може да ви се допадне

БАНКИ кои нудат ЗЕМЈОДЕЛСКИ КРЕДИТИ: Услови, камати, контакти…
Студенти од ФЗНХ во стручна посета на компаниите „Агро Гурмеш“ и „Екстра Фунги“
ЗК Пелагонија забележува раст на приходите од речиси 400%
Во оранжериите „Трнка“ се берат првите гајби зелка, со посветеност и труд до исплатлив агробизнис
Азески: Ако државата сериозно ги анализираше предлозите на Комората, ќе имавме многу поголем раст и развој
Таг:амбиентСв Софијастуденти
Претходен напис ЈАВЕН ПОВИК бр.04/2021 доделување на финансиска поддршка за набавка на добиток од увоз или од признати организации на одгледувачи – Услови и потребна документација
Следен напис Министерот Хоџа на терен го презентира новиот закон за продажба на земјоделско земјиште
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?