Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Студенти од ФЗНХ во стручна посета на компаниите „Агро Гурмеш“ и „Екстра Фунги“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Студенти од ФЗНХ во стручна посета на компаниите „Агро Гурмеш“ и „Екстра Фунги“
Агровести

Студенти од ФЗНХ во стручна посета на компаниите „Агро Гурмеш“ и „Екстра Фунги“

Објавено 13/03/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На 27.02.2026 година, студентите од Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје при УКИМ во Скопје, во организација на IME – Increasing Market Employability и Palladium – Make it Possible, реализираа стручна посета на компаниите „Агро Гурмеш“ (с. Идризово, Скопје) и „Екстра Фунги“ (Кочани).
Студентите од студиската програма Дигитално земјоделство, Квалитет и безбедност на храна и Градинарство и цвеќарство беа предводени од проф. д-р Вјекослав Танасковиќ, проф. д-р Љубица Каракашова, проф. д-р Фросина Бабановска-Миленковска и м-р Стојаче Нечковски.

Во рамки на посетата на компанијата „Агро Гурмеш“, студентите се запознаа со современите практики во примарното производство и минималната обработка на зеленчук. Беше презентиран целиот производствен процес – од подготовка и обработка на почвата, сеење и заштита на посевите, до собирање, миење, калибрирање и пакување на производите со примена на современа механизација и технолошки линии.

Во компанијата „Екстра Фунги“ од Кочани студентите имаа можност да се запознаат со современ погон за преработка, опремен со модерни технолошки линии и висок степен на дигитализација на производниот процес. Производството опфаќа различни видови преработки од овошје, зеленчук и печурки, при што дигиталните системи овозможуваат ефикасна контрола на сите фази, од прием на суровини до дистрибуција на готовите производи.

Стручната посета претставуваше значајна можност за студентите да се запознаат со практичната примена на современи технологии и дигитални решенија во агро-прехранбениот сектор. Ваквите активности придонесуваат за збогатување на нивните практични знаења и компетенции, како и за зајакнување на соработката помеѓу Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје и приватниот сектор. Истовремено, тие претставуваат важен чекор во подготовката на идни стручни кадри, способни да одговорат на современите предизвици во областа на земјоделството и прехранбената индустрија.

Фејсбук статус на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје при УКИМ во Скопје

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:агро-прехранбениот сектордигитални решенијасовремените технологиистуденти
Претходен напис Во Србија без писмен договор нема откуп: Нови правила за месо, пченица, млеко, овошје и зеленчук!
Следен напис Што лекува тинктурата од гавез и како да ја подготвите дома
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?