Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Италија: „Смрдулките“ уништиле повеќе од 40% од родот на лешникот


Провинциите Торино и Асти процениле дека се оштетени повеќе од 40 % од родот, потоа провинцијата Александрија со 20-30%  и Кунео со 15-20%. Во организацијата Колдирети  истакнуваат дека мора да се зајакне одбраната уште повеќе со тоа што е забрането пуштањето на самурајската оса која е природен непријател на смрдулките.

„Смрдулките“ овие години ги има повеќе од било кога. И тоа не само во земјите на регионот, туку и пошироко. Најновата вест која тоа го потврдува е дека во Италија, во Торино, во голема мера му наштетиле на лешниковите насади. 

“Пратењето на кафеавата„ смрдулка“ се врши на целата ргионална територија. Техничарите  исто така ги пратат  избраните примероци на лешници како би ја утврдиле штетата. Засега ситуацијата е прилично загрижувачка”  вели Фабрицио Галиати , претседателот на торинскиот огранок на организацијата Колдирети, која опфаќа половина милион италијански земјоделци.

Провинциите Торино и Асти процениле дека се оштетени повеќе од 40 % од родот, потоа провинцијата Александрија со 20-30% и Кунео со 15-20% . Во организацијата Колдирети  истакнуваат дека мора да се зајакне одбраната уште повеќе со тоа што е забрането пуштањето на „самурајската“ оса која е природен непријател на „смрдулките“.

Решете го проблемот со смрдулките со билни препарати

“Минстерката Тереза Беланова издвои 80 милиони евра за помош на погодените компании “ открива Галиати.

Проблемот со овој штетник ги погоди сите региони на северна Италија, каде освен овоштарниците  со лешници, оштетени се и јаболка, круши, киви, праски, цреши, кајсии но и расадниците. Колдирети бара итна интервенција, но и забрзување на постапката за одобрување на постапката за користење на самурајската оса.

Да подсетиме дека,  „смрдулките“, припаѓаат на фамилијата на градинарски штетници (Nezara viridula),  а нивната зголемена појава се поврзува со високите температури и долгиот сушен период.

Стручњаците за оваа  наезда “ги обвинуваат” климатските промени кои предизвикале миграција на овие инсекти кои брзо се размножуваат.

Извор: https://www.agroklub.rs/

Ное 3, 2019agrotim2
„Празијада" во ГрадашорциСе тресе пазарот: Што се случува во трговијата со сончоглед?

Напишете коментар Откажи одговор

03/11/2019 Агровестиградинарски, италија, лешник, милиони евра, штета, штетник1,242

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019