Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Празијада” во Градашорци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Празијада” во Градашорци
Агровести

„Празијада” во Градашорци

Последна измена: 03/11/2019 15:42
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Пита, баница и други домашни, традиционални специјалитети од праз можеа да се дегустираат на манифестацијата „Ден на празот” што се одржа денеска во населеното место Градашорци, општина Василево.

-Учествувам три години по ред на Празијадата. Со голема љубов подготвивме повеќе специјалитети од праз-пита со праз, куглов со праз, баница и многу други. Празот е здрав за човечкиот организам и треба секој да го консумира, рече Јасмина Митева од село Василево, која заедно со мајка и Јагода Трајкова се преставија со свои јадења.

На „Денот на празот” присуствуваше и градоначалникот на Василево, Марјан Јанев.

-Оваа манифестација значи многу за општината. Дванаесет години преку нејзините содржини го промовираме овој здрав зеленчук, го доближуваме до граѓаните. Ако на почетокот намерата била да се промовира празот како култура и Градашорци каде се произведува најквалитетниот праз во државата и на едно место да се соберат производителите, откупувачите и преработувачите, денес кога заштитата на животната средина е сé почеста тема, можам да пренесам оттука дека на нашите ниви се произведува здрава храна, рече Јанев.

И годинава посетителите, кои ги имаше од многу градови од државата и од Република Бугарија, можеа да ја покажат своја хуманост на дело, донирајќи парични средства за специјалитетите од праз што ќе посакаат да ги дегустираат. Собраните парични средства општината ќе ги донира на оние на кои им се најнеопходни.

На „Денот на празот” настапија ученици од општинските училишта, културно-уметнички друштва, како и музичка група која се погрижи за забавниот дел од манифестацијата.

„Ден на празот” се одржа 12. пат во организација на Општина Василево.

Во организација на општина Ново Село, пак, денеска, под Смоларскиот водопад, се одржа манифестацијата „Костенијада 2019″.

Може да ви се допадне

Дезинсекција против комарци во Куманово
Во Кина измерени рекордни над 40 степени
(ВИДЕО) Климатските промени се закана на новото време: ЗК ПЕЛАГОНИЈА со стручност одговара на овие промени да произведе повеќе храна
Состојба на патиштата
ЕБОР: Македонија има направено импресивен чекор во нејзината зелена транзиција
Таг:земјоделциманифестацијапразпразијадасмоларскиученицицена
Претходен напис „Рурална коалиција”: Поголема транспарентност при доделувањето на државното земјоделско земјиште
Следен напис Италија: „Смрдулките“ уништиле повеќе од 40% од родот на лешникот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?