Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Слободни 9.000 работни места – кои професии се најбарани
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Слободни 9.000 работни места – кои професии се најбарани
Агровести

Слободни 9.000 работни места – кои професии се најбарани

Последна измена: 03/10/2020 11:55
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Во моментов во државава има над 9000 слободни работни места. Според податоците на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, најголем дел од нив се во Скопје, каде се огласени 5.132 слободни работни места, по што следуваат Штип со 485 и Куманово со 398 слободни работни места, пишува МИА.

Најмалку огласени слободни работни места за вработување има во Ресен само четири, во Крушево и Кратово по две и во Валандово едно работно место. Најголем дел од огласените работни места се во преработувачката индустрија 1.849 и во трговијата 1.638. Во секторот административни и помошни услужни дејности има 9.562 работни места, а во транспорт и складирање 1.046.

Најмалку работни места има во јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигурување каде се слободни 14 работни места и снабдување со електрична енергија, гас и пареа со огласени четири слободни места.

Според податоците со кои располага Агенцијата, во моментов за овие огласени слободни работни места најбарани занимања се продавачи за кои има 669 и за општи работници 546 места. Се бараат и 349 келнери, 294 возачи на такси и 238 шивачи.

Слободни места има и за 199 програмери и за 99 инженери по информациски технологии, за 91 касиер, 90 готвачи, 84 возачи на автобуси, 84 административни службеници и за 79 техничари за помош на корисниците.

Според овие податоци, се бараат и 221 возач на камион, како и 213 возачи на товарни возила.

МИА

Може да ви се допадне

На почеток на јули – субвенции за МЛЕКО
СТОИЛЕВ СО АПЕЛ ДО ОПШТИНИТЕ: Има интерес и пари за рурален туризам преку ИПАРД, проблем се дозволите за градба
(ВИДЕО) Стоилев: Набрзо ќе има исплати по неколку мерки од програмата за 2024 година, особено во сточарството
Поскапуваат бензините и дизелот
Николовски: Изготвен нов Царински закон
Таг:9000 слободни работни местаАВРСМпрофесииработни места
Претходен напис Битиќи: Отворена врата за сите економски експерти кои и мислат добро на татковината!
Следен напис Повик за дигитализација на општините на ФИТР и УНДП
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?