Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Следува период на многу топло време, здравствените власти со препораки до граѓаните
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Следува период на многу топло време, здравствените власти со препораки до граѓаните
Агропрогноза

Следува период на многу топло време, здравствените власти со препораки до граѓаните

Објавено 01/08/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Високите температури ќе се задржат и во текот на вечерните и ноќните часови.

За денеска се најавува многу топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.

Институтот за јавно здравје препорачува да не се излегува на отворено во периодот од 11 до 17 часот, да се носи светла и лесна облека, заштитни очила и светлобојна капа. При престој на отворено во најтоплиот период да се прават чести одмори под сенка, да се внесува умерена количина храна, да се избегнува масна и висококалорична храна, како и храна која содржи голема количина шеќер, да се внесува доволно вода и минерални безалкохолни пијалаци без да се чека да се почувствува жед, да се избегнува алкохол, пијалаци што содржат кофеин и многу студени пијалоци. 

Ранливите групи кои ги опфаќаат лицата над 60 години, бремените жени, децата, социјално ранливите, работниците на отворено, како и тие со хронични заболувања (кардиоваскуларни болести, невролошки, белодробни и бубрежни болести, шеќерна болест, ментални болести, дебелина и лица под терапија која го зголемува мокрењето), потребно е да бидат посебно дисциплинирани за овие препораки и да ја земаат својата редовна терапија. За сите промени во здравствената состојба задолжително да го консултираат својот матичен лекар.

Доколку се јави чувство на зашеметеност, слабост, вознемиреност или интензивна жед и главоболка, треба да се побара помош, да се оди во постудено место колку што е можно побрзо и да се измери телесната температура, да се консумира вода или негазиран минерален пијалак. При болен мускулен грч, најчесто во нозете, рацете и во стомакот, потребен е одмор на студено место и консумирање течност која содржи електролити. Лекарска помош е потребна ако топлотните грчеви траат подолго од еден час. 

МИА

Може да ви се допадне

ИЈЗ со препораки за заштита на здравјето при патување
Сончево и топло со температура до 39 Целзиусови степени
Топол бран до крајот на следната седмица, температури над 40 степени
Топол бран до крајот на следната седмица, од среда температури над 40 степени
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло
Таг:многу топлопрепоракиСледува
Претходен напис Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија поради опасност од пожари
Следен напис ИЈЗ со препораки за заштита на здравјето при патување
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?