Во кујната на Светлана Дивац од Пријепоље невозможното станува возможно, бидејќи со други зборови не може да се опише нејзиниот специјалитет кој самата го измислила. Се работи за слатко од лук.
Сите што го пробале биле пријатно изненадени, но оваа вредна домаќинка не сакала целосно да ја открие тајната на правењето на овој необичен деликатес, пренесува Гласот на Западна Србија.
„Прво го печам лукот, тој се претвора во каша, а потоа сето тоа оди во тенџерето. Кога ќе се преработи, лукот го нема истиот ефект – кога ќе се испече го губи интензитетот и непријатниот мирис, а вкусот станува фантастичен“, рекла Дивчева.
Моментот кога останала без работа ја натерал Светлана да се одлучи на овој нов чекор во животот. Во својата куќа направила мини-фабрика каде што создава неверојатни гурмански подвизи кои набрзо станале познати. Покрај слаткото од лук, таа пробала и многу други необични комбинации.
„Првата идеја ми беше да направам слатко од зелени домати, бидејќи додека за некои тоа е туршија, кај мене стана необично слатко. Кога видов дека е добро и ми се допадна, почнав да правам и од тиква, а кога некој ќе проба мисли дека тоа е слатко од морков. Потоа почнав да преработувам една по една намирница и зеленчукот да го претворам во овошје и обратно“., открива Светлана.
