Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски уште еднаш порача: Граѓаните да не се грижат, храна ќе има доволно
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски уште еднаш порача: Граѓаните да не се грижат, храна ќе има доволно
Агровести

Николовски уште еднаш порача: Граѓаните да не се грижат, храна ќе има доволно

Објавено 14/10/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска уште еднаш порача дека граѓаните не треба да се грижат зашто храна ќе има доволно. Како што истакна Николовски во гостувањето на Телевизија 24, пикот на кризата со храната се очекува во следните две години и затоа сега треба да го фатиме чекорот.

Во овој контекст, укажа, добро е што се воспостави Отворен Балкан, иницијативата која значи тргање на сите бариери во регионот за слободен проток. Увоз на пченица ќе има, рече Николовски, особено од Србија, зашто немаме доволно квалитетно лебно жито. Буџетот за земјоделството, пак, нема да се намалува, посебно не сега, во време на криза.

-На секој начин имаме обврска да креираме политики за граѓаните да не се грижат и да имаме доволно храна. Според ФАО, борбата ќе биде за доволно храна од една страна, но од друга, може да заборавиме на евтина храна. Прашањето веќе е цената на производството поради поскапувањето на репроматеријалите. Ова е сериозен предизвик, нагласи министерот. Тој потсети дека Владата уште пред кризата го донесе Националниот план за производство на храна. Во гостувањето Николовски се осврна и на новиот модел за субвенционирање што беше соопштен и презентиран вчера. Новиот модел, подвлече, предвидува авансни исплати на поддршката, основни и дополнителни субвенции, а парите ќе одат кај вистинските производители.

-Со новиот модел кој претставува историска, сериозна промена во македонското земјоделство по 15 години, точно се знае што е приоритет. Досега 85 култури биле поддржувани и само се додаваа нови. Сега велиме, 24 се битни и тие ќе добијат поголема поддршка ако се зголеми приносот и ако се предаде на домашните капацитети, потенцира министерот.

Земјава, оцени Николовски, има стратегија и целосно е усогласена со ЕУ. Донесени се сите документи, а годинава ќе биде донесен и Акцискиот план.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Николовскихрана
Претходен напис Симпозиумот за храна и земјоделство – Употреба на новата технологија за превенција и заштита од пожари
Следен напис Слатко од лук – Светлана прави необичен специјалитет и вели дека вкусот е фантастичен
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?