Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (РЕЦЕПТ) Слатко од јагоди – традиционален рецепт
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > (РЕЦЕПТ) Слатко од јагоди – традиционален рецепт
Магазин

(РЕЦЕПТ) Слатко од јагоди – традиционален рецепт

Објавено 26/05/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Слаткото од јагоди е еден од најомилените домашни деликатеси, кој го носи вкусот на пролетта затворен во тегла. Со својот богат сируп и сочни, цели плодови, ова слатко е неизоставен дел од традиционалното послужување – кога на гостите им се нуди лажичка слатко и чаша ладна вода, како знак на гостопримство.

Состојки:

  • 1 кг јагоди
  • 1 кг шеќер
  • вода (колку да ги покрие јагодите)
  • 1 лимон

Подготовка:

Јагодите измијте ги темелно и исчистете ги од дршките. Ставете ги во подлабок сад и прелијте ги со вода, колку целосно да бидат покриени. Додадете го сокот од еден лимон и оставете ги да отстојат точно 3 часа. По истекот на времето, исцедете ги јагодите од водата. Во тенџере редете слој шеќер, па слој јагоди, додека ги потрошите состојките.

Ставете да се вари на умерено јака температура околу 30 минути. За време на варењето, редовно отстранувајте ја пената што се создава на површината. Тргнете го тенџерето од оган, покријте го со влажна крпа и оставете да отстои преку ноќ.

Следниот ден повторно ставете го слаткото на оган да проврие, бидејќи сирупот ќе стане поредок. Варете уште 10 минути. Додека е сè уште топло, сипете го слаткото во претходно стерилизирани тегли и затворете ги добро.
 
Слаткото од јагоди најчесто се служи на традиционален начин – по една лажичка слатко во чинивче, придружено со чаша ладна вода. Овој обичај сè уште се практикува во многу домови и претставува симбол на топло добредојде.

МИА

Може да ви се допадне

Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Кох од гриз
Таг:јагодиСлаткотрадиционален рецепт
Претходен напис Намалување на превезената стока во товарниот патен превоз, зголемување во железничкиот и воздухопловниот 
Следен напис Научно истражување:Поради климатските промени смртоносните змии се поблиску до населените области
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?