Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Склучен договор за извоз на македонски прехранбени производи во Катар
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Склучен договор за извоз на македонски прехранбени производи во Катар
Агровести

Склучен договор за извоз на македонски прехранбени производи во Катар

Објавено 30/11/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Mакедонската амбасадорка во Катар, Елма Алторок и директорот на еден од водечките катарски синџири на супермаркети „ЛуЛу Хипермакрект Катар“,  Мохамед Алтаф вчера во Доха потпиша Меморандум за разбирање за унапредување на деловната соработка при увоз на земјоделски продукти, месо и месни производи, ајвар и сирење од Северна Македонија во оваа држава во Персискиот Залив.

Како што објави весникот „Галф Тајмс“, со Меморандумот, нашата Амбасада во Доха се обврзува да овозможи воспоставување трговски врски помеѓу „ЛуЛу“ и потенцијални добавувачи на овие производи од земјава.

Во обраќањето по церемонијата на потпишување на Меморандумот, амбасадорката Алторок изрази задоволство од постигнатиот договор за промоција на македонски прехранбени производи во Катар, преку супермаркетите на „ЛуЛу“.

– Иницијативата има за цел да промовира и презентира широк спектар на традиционални стоки „Произведени во Северна Македонија“, истовремено раскажувајќи ја уникатната приказна за извонредната македонска кујна и храна. Веруваме дека ова е почеток на голема успешна приказна што ќе ни помогне да ја подигнеме свеста и почитта на локалниот пазар кон храната од Северна Македонија, нагласи Алторок.

Првиот човек на „ЛуЛу“ Алтаф изјави дека ова претставува прва можност за увоз на производи од Северна Македонија во Катар и нагласи дека неговата компанија е среќна што ќе може да промовира продукти од македонско потекло во оваа земја.

– Со задоволство ќе додадеме производи по потекло од Северна Македонија на нашите полици. Овој Меморандум за разбирање е само почеток. Ќе истражуваме се повеќе и повеќе линии на производи. Заедно ќе ги прошириме асортиманот и мислам дека ова ќе биде огромен поттик за Северна Македонија, „ЛуЛу“ и за Катар во однос на увозот, изјави Алтаф.

Согласно договреното, првите македонски производи што ќе се најдат на пазарот во Катар ќе бидат овошје и зеленчук, месо и месни преработки, пред се јагнешко, како и ајвар, сирење и здрава храна.

Според Алтаф, овие „уникатни производи“ имаат за цел да ја презентираат македонската историја и наследство во Катар.

– Поради нивната уникатност и вредност, тие ја претвораат традицијата во луксуз. Имаме намера на нашите партнери и клиенти да им понудиме разни видови врвни производи од Северна Македонија. Што е најважно, овој договор ќе обезбеди основа за поголема економска соработка меѓу нашите деловни сектори и дополнително ќе ги подобри веќе одличните односи и пријателство што постојат меѓу нашите земји на сите нивоа, додаде Алтаф. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ДоговоризвозКатарПрехрамбени производи
Претходен напис Триесетгодишна валавичарска традиција на Јасмина и Томе Јакимовски
Следен напис Забележано намалување на прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун
1 коментар 1 коментар
  • Anica напиша:
    на 30/11/2020 г. во 20:35 часот

    Koi proizvodi od MK ke se izveezuvaat vo Katar ?

    Reply

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?