Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Системот за наводнување Макарија е повторно активен, за рекордно време санирана е хаваријата и вода повторно има до земјоделските површини
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Системот за наводнување Макарија е повторно активен, за рекордно време санирана е хаваријата и вода повторно има до земјоделските површини
Агровести

Системот за наводнување Макарија е повторно активен, за рекордно време санирана е хаваријата и вода повторно има до земјоделските површини

Објавено 31/07/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денес е пуштена водата низ цевководот Макарија. Земјоделците од Росоманско и Градско можат да бидат сигурни дека нивните култури ќе бидат обезбедени со наводнување за оваа сезона. Направено е комплетно оспособување на цевководот, извршени се сите градежни работи кои беа неопходни за непречено користење и истиот повторно е ставен во функција. 

По настанатото  оштетување на цевководот Макарија, сите служби беа ставени на највисоко ниво на подготвеност за изнаоѓање на решение за спас на сезоната за наводнување. Преку координација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Владата на Република Северна Македонија веднаш се пристапи кон изнаоѓање на техничко решение за надминување на проблемот. Беше ангажирана експертската јавност преку професори од Градежниот факултет Скопје и беа направени соодветните измени на програмите за обезбедување на финансиски средства. Во ургентен рок, согласно законските процедури беше избран изведувач и започнаа активностите на санирање. 


Дадениот збор пред земјоделците го исполнивме. За само месец и половина, благодарение на нашата брза реакција успеавме да ја санираме најголемата хаварија во водостопанстката инфраструктура досега.

Владата и министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја одигра својата улога, и заеднички со другите институции, посветно работејќи успеавме навремено да делуваме, во интерес на сите нас, а најмногу за земјоделците од Росоман и Градско, спасувајќи го годинешниот род.

Земјоделците немаат повеќе причина за грижа. Комплетно е завршена санацијата на цевководот, низ кој веќе повторно тече вода за наводнување на земјдоелските површини. Исклучително брзата санација на цевките е завршена пред планираниот рок, за само месец и половина, за што се обезбедија над 1,3 милиони евра и системот за наводнување кој беше оставен на забот на времето веќе 50 години, сега е целосно функционален.


Ги информираме замјоделците од Росоман и Градско дека предвидуваме и обештетување за настанатите штети на овошните насади поради дефектот на системот за наводнување Макарија. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, заедно со општините Росоман и Градско, веќе ја започнаа постапката за обештетување на земјоделските производители на праски од овој регион кој немаа вода токму овој месец од годината. Веќе се активни повиците за пријавување во општините, а потоа врз основа на доставените податоци од општините, министерството до Владата ќе достави извештај преку кој точно ќе се знаат обештетувањата кој може да ги направиме.

Нашата искрена грижа за земјоделците ја докажуваме преку конкретни мерки. Продолжуваме со капиталните инвестиции во водостопанството, инвестирајќи во нови модерни системи и брани за наводнување. Оваа година со новиот модел за субвенционирање земјоделците од Росоман и Градско се сведоци на навремена исплата на субвенциите за овоштарите, во вредност од 290 милиони денари кон 10.604 корисници. Следува авансната исплата на 30% од субвенциите за 2023 година, нешто што за прв пат се случува во земјоделството, токму преку новиот модел за субвенционирање кој започна од оваа година.

Преку конкретни мерки, кои докажано даваат резултати, ги мотивираме земјоделците и го стимулираме развојот на домашното производство на храна и со тоа влијаеме на растот на економијата и развојот на државата.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Претходен напис Ангелов и Максути: Располагаме со три ертрактори подготвени за дејствување во случај на големи пожари
Следен напис Во велешкиот регион пченицата со поголем просечен принос од ланскиот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?