Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сирење со врвен квалитет и вкус кој потсетува на кајмак – Ново во Етно село во блзина на Врање
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Сирење со врвен квалитет и вкус кој потсетува на кајмак – Ново во Етно село во блзина на Врање
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВОРурален Развој

Сирење со врвен квалитет и вкус кој потсетува на кајмак – Ново во Етно село во блзина на Врање

Објавено 28/01/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ненад Ордиќ е сопственик на Етно селото „Вила Јефимија“, кое се наоѓа на само десетина километри од Врање. За него не се пречка ниските температури, па така тој на сите негови муштерии од градот уште од раните утрински часови им доставува свежо козјо млеко.

Откако на својот имотот во етно селото донел автохтони грла од балканската долговлакнеста коза, каракачанските овци и крави од расата буша неговиот работен ден започнува секогаш така. Во неговото стадо има и овци од расата влашка овца, кај народот позната уште како „рачка овца“, која е една од најретките животински видови на овие простори.

Купувачите ги освои со „комбинираното“ сирење

Од неодамна Ордиќ, во своето етно село почнал и со пробно производство на автохтоно бело сирење кое го прави од млеко добиено од кравите од расата буша и блаканската долговлакнеста коза. Штом почнал да го продава ова сирење со врвен квалитет, кое со вкусот подсетува на кајмак, на пазарот почнала многу голема побарувачка за него, па во стартот не можел да произведе толку многу колку што би можел да продаде. Имајќи го тоа во предвид Ордиќ, одлучил да почне со сериозно производство на сирење и млеко. Затоа овие денови во неговото етно село работат мајстори кои еден стар објект го уредуваат за таа намена. Иако поради пандемијата со корона вирусот се е неизвесно, нему не му паѓа на памет да се откаже од својата цел бидејќи и самиот се уверил колку неговото сирење, млеко и кисело млеко, кое е така цврсто па може да се сече со нож, се барани од гостите кои доаѓаат на ручек во неговото етно село, а особено од луѓето кои прележале корона вирус и сега се обидуваат да си го зајакнат својот имунитет.

– „Иако кравата буша дава само од 3 до 3,5 литри млеко на ден и тешко се привикнува на шталски начин на одгледување бидејќи се работи за полудиво животно, а особено тешко се привикнува на молзењето, одлучив да набавам уште четири до пет крави од оваа раса за да го проширам производството и да ја следам побарувачката за овие млечни производи“, вели Ордиќ и додава дека овие крави тешко се наоѓаат на овие простори.

Место за слободно движење и паша на животните

Овој љубител на автохтони животни на својот имот одгледува и ридски домашни коњи, балканско магаре, свињи моравки, кокошки косовски пејачи и единствен во Србија има и каракачански коњ кој е со потекло од Бугарија.

Околу етно селото, со дебела жица и видео надзор, заградил и два хектари шума која се наоѓа во негова сопственост и таму ги пушта своите животни слободно да пасат и да се движат. Вели дека планира на ист таков начин да загради уште два хектари шума, па таму неговите животни ќе престојуваат во текот а целиот ден и сите негови гости ќе имаат можност да уживаат во прошетка низ шумата.

Ордиќ има многу планови за иднина и вели дека помошта од државата му е неопходна. Со барањето за помош за набавка на нови грла стока од автохтони раси и опрема за објект во кој ќе произведува сирење и ќе чува млеко се обратил неодамна во управата на градот Врање, а исто барање ќе го упатат и до претставниците на ресорното министерство.

Негов основен проблем како што вели тој е тоа што одгледувачите на автохтони раси на говеда се ставени во ист кош со одгледувачите на комерцијални раси на животни. Исто така додава дека тоа неколку пати го укажувал на претставници на ресорното министерство, но повратна информација на таа тема не добил.

Извор: agroklub.rs

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
Таг:автохтони раси говедаЕтно селоНенад Ордиќ
Претходен напис „Напредни лозари” со предлози и барања до министерот Хоџа за подобрување на условите во лозарството
Следен напис Во април започнува пријавувањето за субвенции, новите земјоделци до 15 март да се запишат во ЕРЗС
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?