Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ФОТО) Шварценегер чува магариња, Никол Кидман алпаки, Џенифер Гарнер кокошка… Необични домашни миленичиња на познатите глумци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > (ФОТО) Шварценегер чува магариња, Никол Кидман алпаки, Џенифер Гарнер кокошка… Необични домашни миленичиња на познатите глумци
Магазин

(ФОТО) Шварценегер чува магариња, Никол Кидман алпаки, Џенифер Гарнер кокошка… Необични домашни миленичиња на познатите глумци

Објавено 04/02/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Иако повеќето луѓе избираат куче или мачка, има и такви кои претпочитаат малку поинакво милениче. На листата на необични миленици на познатите личности се и магариња, кокошки, свињи, алпаки и лавови.

Еве неколку неочекувани миленици на светските ѕвезди.

Никол Кидман – алпаки

Фото/Instagram

Во 2017 година, Никол Кидман ги отвори вратите на својот дом за снимање за магазинот „Вог“. Кога ја прашале кој ѝ е омилен дел од куќата, таа не размислувала долго. Актерката открила дека ги сака своите алпаки, кои се наоѓаат на фарма од 111 хектари, на неколку часа возење од Сиднеј.

Арнолд Шварценегер – магариња

Фото/Instagram
Фото/Instagram
Фото/Instagram

Арнолд Шварценегер има двe преслатки магариња, а тие заземаат и голем дел од неговиот инстаграм-профил. Минатата година актерот објави видео во кое му пее „Среќен роденден Лулу“ на едно од магарињата кое наполнило една година.

Џенифер Гарнер – кокошка

Пред неколку години, холивудска актерка Џенифер Гарнер му ја претстави на светот својата миленичка – кокошката Реџина Џорџ. Животното го носела со ременче на долги прошетки, но за жал кокошката починала во 2018 година.

Фото/Instagram

Џорџ Клуни – свиња

Долги 13 години најдобар пријател на Џорџ Клуни беше прасето Фаревел Макс. Актерот ја делел својата вила со него, а му било дозволено и да спие со него во спалната соба. Клуни ја дефинираше нивната врска како „најдолга врска“.

Фото/Instagram

Прасето умрело во 2006 година, а се шират гласини дека Клуни поради него раскинал две романтични врски.

Мелани Грифит – лав

Познатата актерка пораснала со лав по име Нил. Животното тешко 200 килограми ѝ припаѓало на нејзината мајка Типи Хедрен. Магазинот Life ја сними тогаш 14-годишната Мелани како си игра со животното во нивната градина, а лавот често престојувал и во куќата.

Фото/Instagram

Кирсти Алеј – лемури

Кирсти Алеј дома има не еден, туку 14 лемури

„Сфатив дека тие се одлични животни и ме заинтригира прашањето за нивната заштита на Мадагаскар и спасување на дождовните шуми“, изјави таа за People, додавајќи дека им е одлично во Лос Анџелес бидејќи климата е речиси идентична со климата во нивната татковина.

Фото/Instagram

Важно е да се напомене дека дивите животни не се домашни миленици. Тие можат да станат агресивни, па дури и депресивни кога не се во нивната природна средина.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:миленици
Претходен напис Министерот Николовски во Велес ги додели договорите за закуп на државно земјиште
Следен напис Мразот што се создаваше 2.000 години на Монт Еверест, се стопи за 25 години
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?