Швајцарија во недела ќе излезе на гласање за да одлучат дали да се забрани тестирањето на животни, предлог што предизвика бес во земјата која што силно зависи од големите фармацевтски компании.
Тешко дека предлогот на активистите за права на животните навистина ќе помине.
Швајцарија би била единствената земја во светот со ваква забрана доколку предлогот биде прифатен, изјави Ив Флукигер, претседател на лоби групата за швајцарските универзитети.
Истражувачите инсистираат на тоа дека медицинскиот напредок е невозможен без експерименти.
Патриција Новак- Сливинска од Универзитетот во Женева вели дека би било невозможно да се спроведе истражување без експерименти со животни и клинички испитувања.
Во Швајцарија, истражувачите кои сакаат да користат живи животни за експерименти мора да поднесат формално барање со кое ќе се докаже дека не е достапен алтернативен метод и дека условите за животните ќе бидат најдобри можни.
Бројот на животни кои се користат за експерименти во таа земја значително се намалил, од околу два милиони во 1980-тите на околу 560.000. Околу 20.000 животни годишно се подложени на сериозни интервенции, како што е имплантација на тумор, велат федералните власти, пренесува Франс 24..
