Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Шума со големина на Франција природно се обновила последниве 20 години
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Шума со големина на Франција природно се обновила последниве 20 години
Агровести

Шума со големина на Франција природно се обновила последниве 20 години

Објавено 12/05/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Шумска област со вкупна големина колку Франција, се обновила природно, имајќи го предвид целиот свет последниве 20 години, посочува најновото истражување на Светската организација за заштита (СОЗ).

Регенерацијата на шумите вклучува природен начин на обновување со мала или никаква човечка интервенција. А, таквото обновување е најчесто и поевтино и резултира со раст на шумите кои впиваат повеќе јаглерод и се поповолни за биолошката разновидност, отколку оние што се активно засадени, објави Би-би-си, пренесува МИА.

Еколошки групации коментираат дека природно обновените шуми успеваат да апсорбираат еквивалент на 5,9 гигатони јаглерод-диоксид, што е повеќе од годишните емисии во САД. Тим стручњаци, предводени од СОЗ, користеа сателитски податоци заради создадавање мапа на природно обновени шуми.

Вилијам Болдвин-Кантело од СОЗ, смета дека Велика Британија треба да воведе поефикасни државни закони што ќе овозможат реализација на потенцијалот на шумите како климатско решение, и да спречат увоз на храна во европските земји што резултира со уништување на шумите однадвор.

–Со цел да се избегнат опасните климатски промени и да се разбере потенцијалот на природните шуми во спречувањето на овие промени, ние мора да спречиме нивно натамошно уништување на шумите и да се вклучиме во нивно обновување. Уништувањето на шумите продолжува да одзема милиони хектари земја и шуми секоја година, значително повеќе отколку што успева да се регенерира – нагласи Болдвин-Кантело.

Меѓу поголемите обновени области се бразилската Атлантска шума, тајгата во северна Монголија, средишна Африка и крајбрежните шумски подрачја во Канада. Но, научниците предупредуваат дека шумите ширум светот продолжуваат да се соочуваат со големи опасности.

Истражувањето наведува дека, и покрај „охрабрувачките знаци“, особено во Бразил уништувањето на шумите е сè уште присутно, така што шумските области треба да се зголемат повеќе од двојно за да се достигне минималниот праг на зачувување. Еден од наједноставните начини да се отстрани вишокот јаглерод диоксид од воздухот е садење дрвја. Но, научниците веруваат дека „треба да ги засадиме вистинските дрвја на вистинските места“, ако навистина сакаме ефикасно да ги намалиме испуштањето стакленички гасови.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Франција
Претходен напис Ако имате проблеми со штетници, засадете бугенвилија, овој ползавец штетниците го заобиколуваат во широк лак!
Следен напис Од утре бесплатен ПЦР тест за туристите во Црна Гора
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?