Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Шукова: Со 10 милиони евра од ЕУ во четири града ќе бидат заменети нееколошките системи за затоплување во јавни објекти
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Шукова: Со 10 милиони евра од ЕУ во четири града ќе бидат заменети нееколошките системи за затоплување во јавни објекти
Агровести

Шукова: Со 10 милиони евра од ЕУ во четири града ќе бидат заменети нееколошките системи за затоплување во јавни објекти

Објавено 04/11/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Министерството почнува со проект со финансиска поддршка од Европската унија во вредност од 10 милиони евра, со кој во четири града во земјава нееколошките системи ќе бидат заменети во еколошки системи за затоплување во јавни објекти, најави денска министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова.

-Проектот е 10 милиони евра, околу 5,6 милиони евра ќе се користат во четири општини Скопје, Куманово, Битола и Тетово за замена на нееколошки системи. Во моментов ги мапираме објектите во тие четири града за да утврдиме точно кои се најбитните каде што треба да се почне со замената на системите. Во рамките на овој проект ќе зазелениме нови јавни површини во овие четири општини, рече Шукова на денешната најавна прес-конференција за отпочнување на годинешната акцијата за пошумување – Пошумуваме заедно 2023.

Министерката информира дека ќе набават пет или шест автобуси за Градот Скопје, исти како што биле набавени пред две години со заем од Европска банка за обнова и развој. Посочи дека овој пат ќе бидат грант за Градот Скопје. 

-Во континуитет продолжуваме со она што е многу битно за да се намали загадувањето со елиминирање на нееколошките системи за  затоплување, особено во јавните објекти, бидејќи мапиравме дека се уште има потреба да се помогне на јавните објекти, дали се тоа државни или општински. Им порачувам на општините и тие да го прават истото во рамките на своите надлежности, во рамките на нивните општини, бидејќи се уште има објекти каде што треба да се заменат системите. Да ги субвенционираат граѓаните во делот на набавка на инвертери како алтернативни извори на затоплување, бидејќи знаеме дека голем дел од загадувањето уште доаѓа и од јавните објекти и од домаќинствата, рече таа.

На новинарско прашање дека некои мерни станици за квалитетот на воздухот не работат, Шукова потенцира дека се работи за автоматски мониторинг станици кои имаат сензитивни делови, инструменти кои што многу често се расипуваат, меѓутоа ти се попвараат во континуитет од страна на Министерството.

-Имаме преку 20 мониторинг станици на ниво на држава, не се само во Градот Скопје и неколку луѓе работат на одржување на системот. Може да се случи ден до два да не работи мониторинг станица додека да се замени овој дел кој што е расипан со резервен дел, рече Шукова.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:10 милиони евраеузатоплувањеобјектисистемиШукова
Претходен напис Груевски: Околу триесетина илјади кубни метри дрва годишно се сечат на диво, огревни дрва ќе има доволно
Следен напис Околу 1,2 милиони садници се предвидени за пошумување до март наредната година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?