Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Груевски: Околу триесетина илјади кубни метри дрва годишно се сечат на диво, огревни дрва ќе има доволно
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Груевски: Околу триесетина илјади кубни метри дрва годишно се сечат на диво, огревни дрва ќе има доволно
Агровести

Груевски: Околу триесетина илјади кубни метри дрва годишно се сечат на диво, огревни дрва ќе има доволно

Последна измена: 04/11/2023 14:23
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Она што ние го евидентираме се околу триесетина илјади кубни метри пресечени дрвна маса годишно како дива сеча, кои биле откриени од нашата шумо-чуварска служба, Министерството за внатрешни работи и Шумската полиција, а дел остануваат неоткриени, истакна директорот на ЈП „Национални шуми“ Валентин Груевски.

-Во постојан контакт сме со МВР и со Шумската полиција и ова е секојдневна и континуирана борба против дрвокрадците. Мислам дека не може брзо и лесно да се искорени тоа. Меѓутоа она што охрабрува се подоследните акции на МВР. Најголемата борба тука може да ја направи Министерството за внатрешни работи. Последните акции кои се направени во последните месец дена даваат надеж дека тој проблем може да се искорени, рече Груевски на денешната најавна прес-конференција за отпочнување на годинешната акцијата за пошумување – Пошумуваме заедно 2023.

На новинарско прашање дали годинава има доволно дрва за огрев, Груевски потврди дека ќе има доволно и оти очекува да не има проблеми со испораката на дрва.

-Дрва за огрев оваа година ќе има доволно. Преку приватните коминтети кои работат со нас, мислам дека е при крај испораката на дрвото што е платено за оваа година. Нема да имаме проблем со испораката на дрва. Исто така, немавме проблем и за ланската година. Завршено беше се навреме, рече Груевски.

МИА

Може да ви се допадне

Просечната нето плата во април 45.452 денари
Повторно поскапува дизелот
Минималните трошоци во јуни зголемени за 790 денари, кај храната зголемување од 733 денари
Во мај годишен раст од 12,2 проценти на вкупните депозити и од 12,1 процент на вкупната кредитна поддршка
Народна банка: Макроекономската слика за економијата не е значително променета во споредба со октомвриските проекции
Таг:Валентин Груевскидиводрвакубни метрисечат
Претходен напис Се пренасочува патот Крива Паланка-Куманово, екипи на Македонија пат работат на терен
Следен напис Шукова: Со 10 милиони евра од ЕУ во четири града ќе бидат заменети нееколошките системи за затоплување во јавни објекти
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?