Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Што велат пчелите – каква ќе биде зимата?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Што велат пчелите – каква ќе биде зимата?
Совети

Што велат пчелите – каква ќе биде зимата?

Објавено 31/08/2020
Сподели
6 мин. за читање
Beekeeper working collect honey. Beekeeper holding a honeycomb full of bees. Beekeeping concept
Сподели
Ad imageAd image

Познато е верувањето  дека пчелите можат да насетат каква ќе биде претстојната зима и според тоа се подготвуваат за успешно да ја надминат истата. Се верува дека зголемена количина на прополис покажува дека зимата ќе биде студена и сурова и обратно. За тоа зборува пчеларот Предраг Цветковиќ од Трстеник, соседна Србија.

„Оваа година, поради прекумерните врнежи од дожд, пчелните семејства не беа во можност да произведуваат прополис, кон крајот на мај и во текот на јуни, кога обично започнуваат да го прават тоа. Затоа, поинтензивното производство започна на крајот на јуни и во текот на јули. Ако, после ваквата необична сезона, следи и невообичаена зима тогаш е многу можно пчелите навистина да  предвиделе дека не очекува студена зима, објаснува Цветковиќ

Инаку, пчелите се многу чувствителни на сите промени во атмосферата, особено на промените во притисокот и температурата на воздухот. Се верува дека тие можат да ја почувствуваат температурната разлика од само 0,1 степен. И не само температурата на воздухот, тие можат да ја почувствуваат и температурата на саќето во кое живеат и во кое се движат.

„Со промена на нивното однесување, тие покажуваат дека нешто се менува во атмосферата, па внимателен и искусен пчелар според нивното однесување може да ја предвиди  промената на времето во следните неколку часа или можеби подолго. Се разбира, пчелите понекогаш прават грешки, па се случува да бидат изненадени од ненадејни врнежи или невреме кога нема да се вратат навреме во кошницата“

Собирањето на прополис – една од најтешките работи за пчелите

Се верува дека причината за нивните грешки лежи во фактот дека добрите извори на нектар, за пчелите се неодоливо привлечни, но и силната потреба да внесат полен и вода во кошницата. Затоа Цветковиќ вели дека луѓето не требало лесно да прават проценки.

“Кога станува збор за прополисот, пчелите почнуваат да го носат во кошницата кога ќе се стопли и кога растенијата, а најчесто дрвја, почнуваат да лачат смола, што обично е во втората половина на мај. Собирањето на оваа супстанца се смета за една од најтешките задачи што ја прават пчелите. Најтежок момент е кога пчелата се враќа и товарот треба да се спушти на вистинското место “, објаснува овој искусен пчелар.

Чувство за временската состојба

Прополисот не може да се собира во студено и дождливо време, затоа што тогаш се стврднува целосно, а не може да се собира ниту кога времето е премногу топло бидејќи е скоро течен и многу леплив. Инаку, покрај природните фактори кои влијаат на секрецијата, неговото собирање и внесување зависи и од пчели, кои се тесно поврзани со временските услови. Затоа, може да се каже дека пчелите со внесување на оваа супстанца го покажуваат своето чувство за климатски промени.

Зошто пчелите собираат прополис?

Покрај генетските фактори, собирањето на прополисот е поврзано и со потребите на пчелните семејства, а собирањето е поинтензивно кога  нивните потреби се зголемени. Тие можат да бидат од различна природа, од постоење на поголеми пукнатини во кошница, преку прекумерна циркулација, до потребата да се зајакне саќето подобро.

„Карактеристична потреба за повеќе прополис е присуството на некои животни, обично глувци, кои влегле во кошницата и биле убиени од пчелите, но ако не можат да бидат исфрлени или исчистени, тие мора да бидат обложени со него за да не се расипат и да се создадат штетни бактерии во кошницата “, вели Цветковиќ.

Природен антибиотик

Квалитетот на прополисот во  почетокот зависи од видот на смола. Ако нема подобри извори, пчелите можат да соберат и да донесат неквалитетен материјал. Во таков недостаток се случува да го отстранат прополисот од старите напуштени кошници, но само кога температурите се доволно високи за да биде доволно мек.

„Најголемите и најдобри извори на прополис во нашата земја се тополаите, брезите, јасиките  и некои видови четинари. Најчесто има темно црвена и зеленикаво-кафеава боја. Прополисот се издвојува од другите пчелни производи и е исклучително здрав по своето антибактериско дејство. Тој е природен антибиотик и многу луѓе кои се алергични на други лекови наоѓаат помош за своите проблеми токму во овој пчелин производ.“

Сепак, треба да се спомене дека не секој прополис што се појавува на пазарот е со ист квалитет и е здрав. Прополисот првенствено треба да биде свеж, односно да не стои со години во кошница,  или во некој сад. Разбирливо е дека треба да биде чист и да не содржи штетни материи што може да го загадат, а тоа се однесува на издувните гасови од автомобилите, индустрискиот чад и отпадот. Третирањето на кошниците со хемиски средства за лекување на пчелите може да придонесе прополисот да не биде чист.

 “Свежината на прополисот се одредува многу едноставно,едно мало парче се става во устата и се држи 10-15 минути, со мало превртување со јазикот, без голтање и џвакање. После тоа време треба да почувствувате печење што може да биде посилно или послабо. Прополисот сомногу висок квалитет и свежина, исто така, предизвикува вистинска мала анестезија во усната шуплина. На крајот на тестот може да се голтне “, објаснува овој искусен пчелар.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Болести на виновата лоза во период на формирање и зреење на грозјето
Центар за климатски промени: Македонија се соочува со зголемен ризик од суша, потребни се повеќе финансиски средства и мерки за адаптација
Компирова златица (Leptinotarsa decemlineata) – Сериозна закана за производството на компир
Влага во почвата и наводнување кај зеленчуковите култури
Развој на пченицата и услови за постигнување на високи приноси
Таг:зимаклиматски променипрополиспчеларствопчелипчелите ги чувствуваат промените
Претходен напис Денес максимумот на топлотниот бран – детали и за следните денови
Следен напис ЕУ повторно ја укина царината на пченката поради повисоката цена во САД
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?