Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Што советува Гинисовиот рекордер во одгледување на највисокиот домат?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Што советува Гинисовиот рекордер во одгледување на највисокиот домат?
МагазинСовети

Што советува Гинисовиот рекордер во одгледување на највисокиот домат?

Објавено 30/07/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пред 35 години Чарлс Вилбер го сруши Гинисовиот светски рекорд со својот домат кој израснал над осум и пол метри и дал скоро 200 кг плодови. Овој градинар издал книга со совети за одгледување на домати. Што тој советува?

Уште 1985 Вилбер од Алабама (САД) поставил Гинисов светски рекорд со своето стебло на домат високо  853,44 см кое имало над 180 кг домати, поточно 181,44 кг. Досега никој не успеал да го сруши овој резултат, а само еден домат тежел неверојатни 1,13 кг.

Растенијата кои ги одгледувал не само што биле огромни туку биле и многу родни, па така само четири корења домати, годишно дале околу 635 килограми сочни плодови. Иако можеби мислите дека посадените стебла биле ГМО, како што вообичаено сакаме да коментираме, тоа во оваа приказна не е вистина. Неговите домати 100% биле еколошки одгледувани.

Кои тајни ги открива тој во својата книга?

Овој успешен градинар ја напишал книгата “How to grow world record tomatoes” (во превод: “Како да се одгледува домат светски рекордер) која ги открива тајните за одгледување домати.

–Важно е да се кинат израстоците

„Израстоците или филизите, ако им се дозволи да растат, стануваат вистински стебла кои ќе создаваат уште повеќе израстоци. Ако се искинат, тогаш растенијата ќе можат да растат во висина“, напоменува Вилбер.

– „Ако гранката е лесна, дозволете им на израстоците да растат додека не се појави грозд со плодови, а потоа кинете ги“, советува тој. Пишува и дека кинењето треба да се прави со помош на пинцета или со прсти, а не да се сечат со нож или со ножици, тогаш раните подобро зараснуваат. Исто така важно е да се отстранат пред да достигнат големината од 4 см.

–Високи „кафези“

Вилбер не можел да пронајде доволно висок кафез (метална конструкција) за одгледување на своите растенија па решението го пронашол во ставање на конструкциите една врз друга. Како растат гранките нагоре, тој препорачува внимателно да се врзуваат за жиците од надворешната страна на конструкцијата, поради полесно берење на плодовите.

-„Растението може да се искачи до врвот и потоа да се спушта надолу или друг кафез да се постави врз првиот“, објаснува Вилбер.

–Ѓубрење

Користел прецизна мешавина од сено, коров и трева заедно со кујнски остатоци и свежо шталско ѓубриво. Тој препорачува анаеробен метод на компостирање, користејќи непропустливи садови, бидејќи тие чуваат 90% од азотот во однос на аеробното компостирање кое чува 60%. Во идеален случај прекриениот компост се загрева на сонце и достигнува температура која ги уништува повеќето болести.

–Правила за наводнување

Овој градинар вели и тоа многу е важна и водата која се користи за наводнување. Тој преферира дождовница или од рибник, а исто така вели дека поголем број од луѓе ја потценуваат должината на коренот на доматот кој може хоризонтално да се протега неколку метри од растението. Затоа е важно растението да се залева во широк круг.

Вештачките ѓубрива Вилбер ги избегнувал како и синтетичките хербициди. Во книгата пишува дека коровот го држел под контрола така што околу своите растенија ставал мулч од слама.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Нега на чапунките кај молзните крави
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:Гинисов рекорднајвисок доматсоветисовети за одгледување доматиЧарс Вилбер
Претходен напис Продолжуваат екстремно високите температури, мало освежување во недела
Следен напис Утре завршува рокот за поднесување на барања за субвенции за Програмата за директни плаќања 2020 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?