Веќе неколку години, односите меѓу фармерите во Шпанија и Франција се затегнати поради црниот тартуф. Тамошната новинарска истрага ја крена завесата за тоа што се случува со 50.000 килограми црни тартуфи кои Французите секоја година ги увезуваат од Шпанија, пишува lasexta.com.
Постои практика да се продаваат увозни производи, при што се прикрива нивното вистинско потекло.
Еден локален трговец уверува дека престижниот француски пазар понекогаш ги надополнува своите залихи со шпански тартуфи без да им каже на своите клиенти.
„Многу е тешко да се провери дали француските производители купуваат шпански тартуфи пред да ги пуштат на пазарот. Лесно е да ги натераат купувачите да мислат дека тоа е нивно производство. Не постои начин да се открие дали продаваат шпански тартуфи или не“, рече тој.
Во потрага по вистината, новинарите од Equipo de Investigación се сретнаа со францускиот бизнисмен Пјер-Жан Пебеир на пазар во општина Теруел во Сарион, Шпанија. Овој човек признава дека понекогаш купува црни тартуфи во Теруел, а потоа ги продава. Неговите клиенти нема потреба да знаат од каде доаѓаат.
Според документите, тие се евидентирани како тартуфи од европско потекло, додаде тој.
Кога новинарската екипа му покажала една од неговите лименки со натпис „француски производ“, Пебаер одговорил дека тартуфот не е произведен во Франција, но таму е конзервиран.
Според истражителите, 80% од црните тартуфи собрани во Теруел завршуваат на францускиот пазар, каде што се продаваат за повеќе од 1.300 евра за килограм.
Измами со црните тартуфи