Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Што ќе ни донесе есента – во југоисточна Европа речиси зима?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Што ќе ни донесе есента – во југоисточна Европа речиси зима?
Агропрогноза

Што ќе ни донесе есента – во југоисточна Европа речиси зима?

Објавено 25/08/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во средна и југоисточна Европа се очекува голема промена на времето кон средина на есента, која на некои места ќе донесе скоро зимско време. Како причина за тоа се споменуваат надпросечните снежни наноси на високите делови на Алпите.

После многу чудното лето со неколку тополотни бранови, но и обилни дождови, дознаваме што може да очекуваме на есен. Имено, познатиот метеосервис AccuWeather, најавува дека преминувањето од лето во есен ќе биде  незабележливо за многу голем дел од Европа, бидејќи високите температури во западните и централните подрачја на континентот ќе се задржат се до септември. Во Шпанија комбинацијата на топлина и суша би можела да донесе натпросечно топло време во првиот дел од есента.

Тропско невреме во различни форми

Според метеорологот на AccuWeathe Тајлер Ројс, тропското невреме би можело да ја погоди Европа во разни форми, од благи ветрови до снежни навеви, од малку дожд до големи поплави, а силните дождови, како што се напоменува во извештајот, најмногу ќе им користат на Франција, Шпанија и Португалија, земји кои се најтешко погодени од сушата.

– „Според податоците ,невреме во првата половина на сезоната, ќе има во северозападна Европа, британските острови, подрачјето од Норвешка до северниот дел на Франција и северна Германија, а би можело да се очекува и поголема закана од силни ветрови отколку во јужниот дел на Франција и Португалија. Тоа не значи дека нема да има и одредени влијанија и во југозападниот дел на Европа во текот на есента“, најавува Ројс.

Во другиот дел од есента временската форма ќе се промени и ризикот од невреме ќе биде зголемен во јужна Франција и Португалија, додека заканата за Германија и северна Франција ќе се намали. Се очекува дека невремето ќе биде толку силно што ќе предизвика оштетување на дрвјата, недостиг на струја но и поплави.  Многу влажното лето во Норвешка и Финска ќе продолжи со дожлива есен, благодарение на северноевропското невреме кое се очекува. Дождот нема да запре се до втората половина од есента, кога ќе се врати сушното време, па дури постои можност за повисоки температури пред почетокот на зимата.

На некои места речиси зимско време

Во централна и југоисточна Европа промената кон средината на есента ќе донесе на некои места, речиси зимско време. Како причина се споменуваат натпросечните снежни наноси во повисоките подрачја на Алпите.

Вишиот метеоролог Алан Реперт предупредува дека во долините во внатрешноста на Балканот и северна Украина можни се штети, ако се случи да заврне одредена количина на снег, додека лисјата се уште се на дрвата.

– “Како што во северна Европа ќе доаѓа сушното време, заканата од студени удари во Полска, Германија па дури и источна Франција ќе се зголемува. Тоа би можело да доведе до благо подпросечни температури во Германија Полска и во балтичките држави па дури и во северна Украина“, нагласува Ројс.

Со доаѓањето на студениот воздух, ќе се зголемат изгледите за снег во земјите како што се Полска, Белорусија и балтичките земји се до северна Украина.

-„Не очекуваме надпросечни снежни врнежи, но би можело да има неколку денови со слаб снег“, заклучува Ројс.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне дожд
Таг:европаЕсен Прогноза за есентаЈугоисточна Европаневреме
Претходен напис Услови и потребна документација за користење средства од ИПАРД, мерка 7 – „Инвестиции во услуги за руралното население“
Следен напис Германија и Полска оствариле поголем род на пченица од Франција
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?