Жетвата на пченицата во повеќето европски земји е завршена, а Германија и Полска очекуваат нешто поголеми приноси во однос на Франција и Велика Британија.
Според проценката на германските земјоделски задруги, родот ќе биде намален за 6,8%, но и понатаму ќе ги достигнува пристојните 21,48 милиони тони, наведува Ројтерс.
– „Жетвата е завршена, а родот е со просечни количини и добар квалитет. Жетвата во Германија за среќа не претрпи катастрофални штети како во Франција и Британија“, истакнува еден германски аналитичар. Да потсетиме, во Франција, како најголем производител на оваа житарица во ЕУ, приносот се намалил за околу 25% во однос на 2019 година и изнесува околу 29-30 милиони тони, а главна причина за намалувањето се обилните дождови кои паѓаа за време на жетвата и долготрајната пролетна суша.

Во Полска забележан е пораст на приносите
Што се однесува до Полска, која е трет најголем производител на пченица, забележан е пораст на приносот за 5% и достигнал 11,75 милиони тони. „Благодарение на многу поволните услови, жетвата значително се забрза последниве денови. Во многу региони квалитетот на пченицата е многу добар и ги задоволува сите критериуми на мелничарите“, изјавил аналитичарот Војтек Сабарански.
Од друга страна пак, бројни британски трговци проценуваат дека овогодишниот род во Велика Бритенија, би можел да се намали за дури 35% и да изнесува 10 милиони тони.
-„Повеќето земјоделци ја започнаа жетвата во поволни услови но климатските промени силно влиајеја врз квалитетот на приносите“, објаснуваат од Одборот за развој на земјоделството и градинарството на Велика Британија.
Францускиот советник за жито, предвидува дека овогодишната жетва на обична, мека пченица во Европската унија заедно со Велика Британија ќе изнесува 128 милиони тони, што е за 13% помалку во однос на 2019 година.
Извор: Агроклуб
