Денес во просториите на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Скопје потпишавме кредитна линија со Шпаркасе Банка во износ до ЕУР 2 милиони за финансирање на идниот раст и развој на Макпрогрес ДОО Виница.
Одил Рено-Басо, Претседателката на ЕБОР изјави: ,,Ми претставува задоволство да потврдам дека е обезбедено кредитно финансирање до ЕУР 2 милиони за Макпрогрес преку Шпаркасе Банка, која е наша партнерска банка, при што ЕБОР ќе гарантира до 50% од износот на кредитот преку Програмата за споделување ризик. Овие средства ќе се искористат за поддршка на потребите на Макпрогрес за обртен капитал и потребите за ликвидност како одговор на зголемената побарувачка со која се соочува компанијата. Проектот ќе продолжи и со поддршката на новоизградениот мултидисциплинарен едукативен центар на компанијата, кој обезбедува акредитирани тренинг програми и признаена сертификација на пазарот на трудот во регионите каде овој тип на можности се помалку застапени.”
Нина Неданоска, Заменик-Претседател на Управниот Одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје изјави: ,,Шпаркасе Банка секогаш ги користела можностите да биде лидер во банкарската индустрија во рамки на соработката со важните развојни институции, фокусирајќи се на иновација и кредитирање на сектори кои се од примарно значење за економскиот развој. Шпаркасе Банка и Макпрогрес имаат воспоставено силна и здрава соработка, и среќни сме што истата успешно се унапредува, во случајов со поддршка на ЕБОР, која често ја поддржува нашата соработка со клиентите преку Програмата за споделување на ризик”.
Глигор Цветанов, Извршен директор на Макпрогрес, истакна: ,,Со овој договор кој го потпишавме денес, Макпрогрес ДОО Виница обезбедува финансирање за поддршка на дополнителниот раст и развој, зголемувањето на капацитетот на постоечките производи, развојот на нови производи и зголемената продуктивност и конкурентност. Шпаркасе Банка и ЕБОР се дел од нашиот раст и развој преку долгогодишна успешна соработка и ни претставува чест и задоволство да ги имаме како наши партнери.”
Макпрогрес е семејна компанија, со 640 вработени, која произведува и продава прехранбени производи под брендовите Винчини, Дониа, Сончева долина, Фантазија и Натура, во над 60 земји во светот.
Фејсбук статус на Глигор Цветанов