Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Шпанија со рекордни 96,8 милиони туристи во 2025 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Шпанија со рекордни 96,8 милиони туристи во 2025 година
Агровести

Шпанија со рекордни 96,8 милиони туристи во 2025 година

Објавено 04/02/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Според Националниот институт за статистика, Шпанија во 2025 година забележала рекорден број туристи, откако земјата ја посетиле 96,8 милиони луѓе. Тоа е зголемување од 3,2 отсто во однос на 2024 година, кога биле регистрирани 94 милиони странски посетители.

Туризмот придонесува  12,6 отсто во бруто домашниот производ, што ја вбројува земјата меѓу водечките туристички дестинации во светот. Според Светскиот туристички барометар на Обединетите нации, државата е трета во светот по приходи од туризам, зад Обединетото Кралство и Франција.

„Приходите од странските туристи во 2025 година пораснале за 6,8 отсто и достигнале 134,7 милијарди евра, во споредба со лани,  126 милијарди евра“, соопшти Министерството за туризам.

Во соопштението се наведува дека растот на туризмот е дел од стратегијата за премин кон поодржлив туристички модел, со акцент на квалитетот, а не на масовноста. Најмногу туристи пристигнале во Каталонија- околу 20,1 милион, што е мал раст од 0,6 отсто. По неа следуваат медитеранските региони и Канарските Острови. Најбројни се посетителите од Обединетото Кралство, Франција и Германија. Ова е трета рекордна година за шпанскиот туризам од 2019 година, пред пандемијата на ковид-19.  Сепак, повторното заживување на туризмот создаде притисок врз пазарот за домување, особено во градските центри, каде што порастот на краткорочните изнајмувања доведе до зголемување на цените и незадоволство кај локалното население. 

Може да ви се допадне

Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Се чека со часови за влез во Грција. Километарски колони и покрај седум ленти
Германските земјоделци предупредуваат на можен недостиг на ѓубрива поради кризата на Блискиот Исток
ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
Таг:202596.8 милионитуристиШпанија
Претходен напис Најстудено во Берово, Попова Шапка и Маврови Анови
Следен напис Косово воведе итна забрана за увоз на овци и кози од Македонија – се шири болест кај добитокот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?