Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Косово воведе итна забрана за увоз на овци и кози од Македонија – се шири болест кај добитокот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Косово воведе итна забрана за увоз на овци и кози од Македонија – се шири болест кај добитокот
Агровести

Косово воведе итна забрана за увоз на овци и кози од Македонија – се шири болест кај добитокот

Објавено 04/02/2026
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Косовската агенција за храна и ветеринарство донесе одлука за итна забрана на увоз на овци и кози од Македонија, поради појава на заразно заболување кај ситниот добиток во регионот на Липково.

Од Агенцијата информираат дека одлуката е заснована на официјални извештаи од ADIS и Светската организација за здравје на животните (WOAH), со кои е потврдена присутност на болеста кај овците и козите во овој дел од земјата.

Забрана и за нуспроизводи од овци и кози

Во соопштението се наведува дека, согласно Законот за ветеринарство бр. 2004/21, забраната не се однесува само на живи животни, туку и на нивните нуспроизводи, вклучително кожи и волна, како и на производи кои не се термички третирани и потекнуваат од Македонија.

Мерката стапува на сила веднаш

Од Косовската агенција за храна и ветеринарство нагласуваат дека мерката стапува на сила веднаш и ќе остане во сила сè додека не се изврши нова проценка на состојбата од страна на меѓународните ветеринарни институции и надлежните органи во Косово.

Целта на забраната е заштита на здравјето на животните и спречување на евентуално ширење на заразата на територијата на Република Косово.

Може да ви се допадне

Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Се чека со часови за влез во Грција. Километарски колони и покрај седум ленти
Германските земјоделци предупредуваат на можен недостиг на ѓубрива поради кризата на Блискиот Исток
ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
Таг:итна забранаКосовоМакедонијаувоз
Претходен напис Шпанија со рекордни 96,8 милиони туристи во 2025 година
Следен напис Нелегална сеча на Галичица: Фатен трактор со дабови дрва спремни за транспорт
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?