Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Шекеринска: Ќе се отвори Центар за поддршка на домашните компании за настап на НАТО пазарот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Шекеринска: Ќе се отвори Центар за поддршка на домашните компании за настап на НАТО пазарот
Агровести

Шекеринска: Ќе се отвори Центар за поддршка на домашните компании за настап на НАТО пазарот

Објавено 10/08/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Министерството за одбрана наскоро ќе почне со работа Центарот за поддршка на домашни компании за настап на НАТО пазарот, кој што се формира по членството на државата во Алијансата и по измените на Законот за тендери во одбраната, и ќе има за цел да им помогне во тој процес, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска на прес-конференција во Центарот за обука на пилоти во касарна „Страшо Пинџур” во Петровец.

– Измените на Законот за јавни набавки во одбрана и безбедност кои денеска стапија во сила ни ја отвараат шансата да им помогнеме на сите македонски компании во настапот на НАТО пазарот. Со нашето членство во НАТО за сите домашни компании се отвори огромен пазар. Колку ќе искористиме ќе зависи од креативноста, способнота и интересот на македонските компании, но и од поддршката која што ќе ја нуди државата. Ова беше законскиот основ, ние во следните недела дена ќе ги донесеме и подзаконските акти кои што се неооходни за да им помогнеме на компаниите буквално да знаат што и како е планот и веднаш потоа ќе започне со работа Центарот за поддршка на македонски компании за настап на НАТО пазарот, кој што го формиравме во Министерството за одбрана. Тоа е новината, ќе биде многу мала група на луѓе која ќе се посвети исклучиво да им помогне на домашните компании со сета она админустрација, документи кои што ќе им бидат потребни на НАТО пазарот, рече Шекеринска во одговор на новинарско прашање.

Таа додаде дека веќе имале неколку состаноци со коморите, со специјализирани компании, од кои еден дел биле и чекор пред државата и без помош можат да го изодат патот.

– Но, државата е тука за да го прави тој цел процес поедноставен и веднаш што ќе бидат подготвени подзаконските акти, планот ни беше да направиме едно посебно информирање на јавноста, сите податоци и докумемти ќе бидат достапни на веб-страницата на Министертсвото за одбрана и буквално стоиме на располагање за секој кој сака да се проба на тој голем, но и тежок пазар. Државата ќе биде сојузник на сите компании кои ќе ја имаат и амбициозноста и квалитетот да се борат, потенцира Шекеринска на прес-конференцијата посветена на ангажманот на припадниците на Армијата во справувањето со пожарите во земјава.

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:натоШекеринска
Претходен напис Намалување на шумските производи за 1,4 проценти
Следен напис Промовиран проектот „Паметно езеро Младост“– првата иновативна туристичка атракција во земјава
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?