Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Промовиран проектот „Паметно езеро Младост“– првата иновативна туристичка атракција во земјава
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Промовиран проектот „Паметно езеро Младост“– првата иновативна туристичка атракција во земјава
Агровести

Промовиран проектот „Паметно езеро Младост“– првата иновативна туристичка атракција во земјава

Објавено 10/08/2021
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Амбасадорот на ЕУ во Република Северна Македонија, Дејвид Гир денеска ја посети општина Велес, со цел да се запознае со инвестициите реализирани за подобрување на туристичките капацитети на овој регион, во рамките на Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК), финансиран од Европската Унија.

Негов домаќин беше Градоначалникот Аце Коцевски кој го информираше за она што е направено, за значењето на овие инвестиции од кои се очекува да бидат силен импулс за развој на туризмот во Велес и неговата околина. Заедно го посетија реновираниот регионален туристички центар во Велес, финансиран во рамките на овој проект, по што се упатија кон езерото Младост, првата иновативна туристичка атракција во земјава. Градоначалникот информираше дека благодарение на овој проект е реконструирана патеката околу езерото во должина од 759 м, направени се 23 т.н. паметни паркинг места, реконструиран е патот во должина од 726м до винаријата Сопот, како и 175м пат до новиот Еко Камп.

May be an image of 1 person, standing and outdoors

Заедно со претставниците од медиумите го посетија и Еко кампот или т.н. парк на авантурите кој се наоѓа на езерото Младост и кој исто така е реализиран во рамките на Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК).

Паркот кој се протега на површина од 12000 м2, содржи 7 автентични барик куќички со соларни панели како симбол за почетокот на македонскиот вински пат. Во него е поставена и платформа за набљудување на птици со панорамски телескоп, а исто така е овозможено да се изнајмуваат паметни велосипеди кои можат да се возат на подобрените велосипедските патеки со должина од 17.5 км околу езерото „Младост”.

Во паркот се поставени и 5 паметни соларни клупи, 30 канти за селективно одложување на отпадот и 5 контејнери со вграден паметен уред за мониторинг, паметни светилки и други СМАРТ решенија кои за посетителите креираат уникатно доживување во допир со современите технологии.

Поставени се и киосци каде може да се купат традиционални производи, а се поставени и бројни патокази и информативни табли. Целокупната ивестиција изнесува 61.972.091 денари, од кои 55.505.755 денари се донација од ЕУ, додека останатите 6.466.336 денари се инвестиција на Општина Велес.
,,Езерото Младост е првата македонска иновативна дестинација,
вистински избор за одмор и рекреација на сите туристи кои патуваат по автопатот Е75 (Коридор 10), но не само за нив, туку и за сите туристи од поширокиот регион. Во хотелите и рестораните покрај езерото посетителите може да се одморат од патот и да ја вкусат традиционалната храна, а во винариите кои тука се наоѓаат да уживаат во аромите на македонското вино, особено сортите Станушина и Вранец создадени овде, во земјата на виното и медот. Оттука започнува македонскиот пат на виното и медот исполнет со авантури, доживувања, вкусови и незаборавни пејсажи”, изјави градоначалникот Аце Коцевски.

Проект за локална и регионална конкурентност

Проектот за локална и регионална конкуретност е водечки проект за развој на туризмот во државата преку кој се поддржани 57 потпроекти кои ги спроведуваат општини, микро и мали претпријатија, како и асоцијации кои работат во областа на туризмот во сите 10 туристички дестинации низ земјава. Целта на проектот е да го зголеми учеството на туризмот во локалниот економски развој преку подобрување на инфраструктурата, унапредување на капацитетите за сместување и угостителство, збогатување на туристичката понуда и зголемување на конкурентноста на туристичкиот сектор.


Проектот за локална и регионална конкурентост е финансиран од Европската Унија и Владата на Република Северна Македонија, се администрира од страна на Светска Банка, а се спроведува од страна на Кабинет на Заменик Претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори.

Повеќе за проектот дознајте на: https://lrcp.mk/.

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:општина велес
Претходен напис Шекеринска: Ќе се отвори Центар за поддршка на домашните компании за настап на НАТО пазарот
Следен напис Температурата денеска до 39 степени, попладне локален пороен дожд и грмежи
1 коментар 1 коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?