„Вчера, за време на посетата во Белград помеѓу другото, имав состаноци и со Ненад Милосављевиќ, Директор на Управа за заштита на растенијата на Република Србија, како и со раководните лица на инспекциските органи на Србија, во областа на земјоделството. Разговаравме за предизвиците за унапредување на координацијата во проектот ,,Отворен Балкан“ и за другите активности, особено во областа на фитосанитарната заштита, како и за активностите во рамките на ЦЕФТА.“, стои во фејсбук-објавата на Зоран Шапуриќ по повод работната посета на Белград.
