Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Цените на нафтата во светот нагло паѓаат откако САД најавија испораки на нафта од стратешките резерви
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Цените на нафтата во светот нагло паѓаат откако САД најавија испораки на нафта од стратешките резерви
Агровести

Цените на нафтата во светот нагло паѓаат откако САД најавија испораки на нафта од стратешките резерви

Објавено 31/03/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден разгледува опција да испорача до 180 милиони барели нафта од Стратешките нафтени резерви (СПР) во текот на неколку месеци, како дел од активностите што имаат за цел намалување на цените на горивата.

Тоа би било трет пат во последните шест месеци САД да ги користат своите стратешки резерви, но и најголемото испуштање нафта во речиси 50-годишната историја на СПР.

Досегашните испораки нафта не успеаја да ги намалат цените бидејќи светската побарувачка речиси го достигна нивото пред пандемијата, а условите глобално се заострени кога станува збор за понудата. Цената на нафтата почна да расте кон крајот на февруари со нападот на Русија врз Украина, на што САД и западните сојузници одговорија со санкции против Русија, вториот најголем извозник на сирова нафта во светот.

Цената на референтната нафта брент на почетокот на овој месец скокна на околу 139 долари за барел, што е најмногу од 2008 година, а во четвртокот на азиското тргување беше блиску до 110 долари за барел.

Претседателот Џо Бајден денеска ќе ги претстави плановите на неговата администрација, соопшти Белата куќа, но не се коментира планот за ослободување нафта.

Според податоците на американското Министерство за енергетика, Стратешките нафтени резерви во моментов располагаат со 568,3 милиони барели нафта, што е најниско ниво од мај 2002 година.

По најавите за отпуштање нафта од стратешките резерви на САД, цената на нафтата нагло падна на пазарите. Така барелот на лондонскиот пазар падна за 3,9 отсто на 109 долари, а во САД нафтата поевтини за 4,6 отсто на 102,85 долари за барел.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:нафта
Претходен напис До сабота променливо облачно и нестабилно со повремен дожд и ветер
Следен напис Шапуриќ: Во Белград се разговараше за унапредување на координацијата во проектот ,,Отворен Балкан“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?