Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сезона на јагоди, сезона на многу витамини!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Сезона на јагоди, сезона на многу витамини!
АгровестиСовети

Сезона на јагоди, сезона на многу витамини!

Објавено 08/02/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со доаѓањето на пролетта, почнува да се зголемува и понудата на зелените пазари. Една од првите пролетни намирници секако е јагодата, едно од омилените овошја за децата и возрасните. Тие не се одлични само поради нивниот беспрекорен вкус туку и поради нутритивната вредност, која е исклучително голема.Јагодите се одличен извор на растителни влакна, витамин Ц и антиоксиданти, а исто така вашето здравје може да има голем број придобивки доколку ги вклучите во вашата исхрана.

1. Го подобруваат имунитетотЕдна порција јагоди на вашиот организам ќе му даде околу 150 проценти од потребниот дневен внес на витамин Ц. Витаминот Ц е есенцијален во битката со инфекции, настинки и грип. Витаминот Ц исто така е и голем антиоксидант, кој ги неутрализира природните радикали што ја оштетуваат здравата ДНК.

2. Го намалуваат крвниот притисокКако одличен извор на калиум, јагодите помагаат за намалување на високиот крвен притисок. Доколку се борите со хипертензија и имате кардиоваскуларни болести како последица на тоа, исхрана богата со калиум може да ви помогне во намалување на ризикот што би можел да настане од овие заболувања.

3. Ги намалуваат симптомите од артритисСлободните радикали се штетни за мускулите и ткивото во човековото тело. Тие имаат штетно влијание врз нив и предизвикуваат артритис и големи болки поради тоа. Антиоксидантите во јагодите ќе ви помогнат во детоксикацијата на вашето тело и ќе ги намалат воспаленијата.

4. Штитат од ракСпецијалните состојки што ги има во јагодите, наречени флавоноиди, имаат моќ да се борат со канцерот и оксидативниот стрес. Овие состојки придонесуваат за намалување на можностите за развој на канцер и тумор во телото.

5. Го чуваат видотПрисуството на флавоноиди, елагична киселина и фенолни фитохемикалии кај јагодите, го намалува ризикот од проблеми со видот поврзани со возраста. Овие антиоксидантни соединенија ги отстрануваат и ги елиминираат слободните радикали, спречувајќи ги да ги оштетат здравите структури на очите.

6. Го регулираат шеќерот во крвтаЈагодите имаат релативно низок гликемичен индекс, што значи не предизвикуваат екстремно влијание на шеќерот во крвта. Диететските влакна што ги има во јагодите, исто така, помагаат да се регулира гликозата. Вклучувајќи ги јагодите како дел од урамнотежената исхрана може да се намали ризикот од дијабетес или постојните симптоми на дијабетес.

7. Го намалуваат ризикот од мозочен ударИзобилството антиоксиданти кај јагодите нудат заштита од мозочен удар преку спречување на формирање згрутчување на крвта. Покрај тоа, калиумот во јагодите дејствува на подобрување на протокот на крв во мозокот, намалувајќи го ризикот од мозочен удар.

8. Го подобруваат расположениетоОвие светлоцрвени плодови, исто така, имаат големо влијание на вашето емоционално и ментално функционирање. Семето на јагодите содржи омега 3 масни киселини и алфалиноленска киселина, за кои науката докажа дека го подобруваат расположението.

9. Ги намалуваат симптомите предизвикани од алергииБидејќи јагодите даваат имунолошки и антивоспалителни компоненти со кои му нудат потпора на вашиот организам, тие се одлично оружје против алергии. Јагодите содржат специјален антиалергиски флавоноид наречен фисетин, кој им помага на имуните клетки на телото да ги контролираат воспалителните реакции на алергените.10. Ја подобруваат виталноста на кожатаВитаминот Ц во јагодите се користи од страна на телото за производство на колаген, протеин од суштинско значење за здравјето на кожата. Здравото снабдување со колаген помага кожата да остане мека, а исто така и ги поправа оштетените клетки на кожата. Покрај тоа, витаминот Ц служи како борец со слободните радикали, со што помага и во борбата со ракот на кожата и предвременото стареење.

Извор – ФРУИТ ЛАНД

Може да ви се допадне

Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Се чека со часови за влез во Грција. Километарски колони и покрај седум ленти
Таг:јагодисезонаФрутиленд
Претходен напис Можно ли е во пост Ковид – 19 периодот да ни се случи „ТУРИЗАМ“
Следен напис Хоџа: Откупено е 85% од договореното производство на тутун, доколку има потреба со законски измени ќе го продолжиме рокот до крајот на март
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?