Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Северна Македонија станува дел од СЕПА: Полесни и побрзи плаќања во евра
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Северна Македонија станува дел од СЕПА: Полесни и побрзи плаќања во евра
Агровести

Северна Македонија станува дел од СЕПА: Полесни и побрзи плаќања во евра

Објавено 07/03/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за европски прашања денеска ја поздрави одлуката на Европскиот платен совет (ЕPC) за проширување на географскиот опсег на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), со што Северна Македонија вчера стана дел од оваа значајна европска финансиска зона.

Членството во СЕПА, се наведува во соопштението од Министерството за европски прашања, значи полесни, побрзи и поевтини трансакции за граѓаните и компаниите. Дознаките од ЕУ ќе пристигнуваат побрзо и со пониски трошоци, а бизнисите ќе имаат поедноставени плаќања во Европа. Исто така, членството ќе ја зајакне меѓународната доверба во финансискиот сектор на Северна Македонија и ќе ги продлабочи трговските односи со Европската економска област.

– Според календарот на EPC, нашите финансиски институции ќе започнат со пристапување кон СЕПА во април 2025 година, а оперативната подготвеност на давателите на платежни услуги е предвидена за 5 октомври 2025 година. Со ова значајно достигнување, Северна Македонија станува дел од единствениот европски пазар на плаќања, што претставува уште еден конкретен чекор на Владата кон европската економска интеграција и подобрување на финансиските услуги за граѓаните и компаниите. Пристапувањето во СЕПА е конкретна придобивка од Планот за раст земјите од Западен Балкан во контекст на забрзаната интеграција, соопштија од Министерството за европски прашања. 

МИА

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:евраплаќањасеверна македонијаСЕПА
Претходен напис Трошоците на живот во февруари зголемени за 5 проценти, а цените на мало за 4,2 проценти на годишно ниво
Следен напис Утрото студено, а потоа сончево и топло до 23 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?