Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Северна Македонија и Албанија ќе ја јакнат соработката на полето на безбедноста на храната
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Северна Македонија и Албанија ќе ја јакнат соработката на полето на безбедноста на храната
Агровести

Северна Македонија и Албанија ќе ја јакнат соработката на полето на безбедноста на храната

Објавено 19/07/2021
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Унапредување на соработката меѓу Северна Македонија и Албанија на полето на безбедноста на храната и здравствената заштита и благосостојбата на животните, договорија на денешниот работен состанок директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Николче Бабовски и високите претставници од секторите за безбедност на храна, здравствена заштита и благосостојба при Министерството за земјоделство и рурален развој и Директоратот за безбедност на храна на Албанија.

На состанокот беше договорено унапредување на трговијата со живи животни меѓу двете држави, а разгледани беа и активностите кои се преземаат од надлежните ветеринарни служби на полето на здравствената заштита и благосостојбата на животните, како мерки за обезбедување на стабилност со болестите кај животните на регионален план.

Претставниците на албанското Министерство за земјоделство и рурален развој го презентираа интересот на Албанија за извоз на производи во нашата земја за што заеднички беа разгледани условите кои за тоа треба да бидат исполнети од нивна страна.

Договорено беше, преку потпишување меморандум за соработка наскоро да се официјализира и соработката на македонските и албанските институции одговорни за безбедноста на храната и здравствената заштита и благосостојбата на животните.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Николче Бабовскихрана
Претходен напис УЈП: Корисниците на апликацијата „Мој ДДВ“ со сметки од Охридска банка да извршат ажурирање
Следен напис Нуредин Делиќ: Воопшто не се плашам за пласманот годинава, знам дека за органски производи нема проблем за продажба, а и цените се повисоки
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?