Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Северна Македонија е шампион на Планот на раст за Западниот Балкан, порача Кос за ЕНР/МИА 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ЕУ > Северна Македонија е шампион на Планот на раст за Западниот Балкан, порача Кос за ЕНР/МИА 
ЕУ

Северна Македонија е шампион на Планот на раст за Западниот Балкан, порача Кос за ЕНР/МИА 

Последна измена: 16/04/2025 10:16
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Северна Македонија е наш шампион кога се работи за Планот на Европската комисија за раст на Западниот Балкан, што навистина добро функционира и таа прва ги доби средствата за предфинансирање, истакна еврокомесарката за проширување Марта Кос во интервју за Европската новинска редакција (ЕНР) од која дел е и МИА.  

Таа потенцира дека од вкупната сума од шест милијарди евра од Планот за раст, за земјава се предвидени 715 милиони евра, во чии рамки е и предфинансирањето од 52 милиони, од кои еден дел се исплатени директно во државниот буџет, а останатиот дел оди преку Инструментот за реформи и раст на Западниот Балкан. 

– Во тој поглед, не треба да се грижите за Северна Македонија. Таа навистина е на добар пат, нагласи Кос. 

За жал, според неа, ова не може да се каже и за Босна и Херцеговина, која не може ни да се вклучи во Планот за раст, бидејќи се уште не ја доставила својата Реформска агенда до ЕК, ниту пак именувала свој главниот преговарач.  

– Знаете, работите кои се толку нормални или лесни во другите земји, во Босна, особено при сегашната институционална криза, се многу потешки, додаде Кос. 

Еврокомесарката потсети дека од вкупната сума на средства од Планот за раст една третина се грантови, а две третини заеми и тие средства се наменети за спроведување на реформите дефинирани со реформските агенди на секоја земја. Најголем дел од средствата се наменети за реформи во владеењето на правото, потоа за развој на бизнисите или деловното опкружување, за дигитализацијата, за транспортот, за енергија и за развивањето вештини.  

Според неа, интересна станува следната фаза кога врз основа на добиените извештаи за спроведените реформи ќе зависат идните исплати. 

– Затоа е толку важно за Босна да се договориме за реформската агенда, бидејќи следните исплати ќе зависат од тоа што е испорачано. Ако не го испорачаат договореното за одреден период, тогаш ќе добијат некаква можност за продолжување на рокот за да ги направат реформите. Но, во најлош случај, а се надеваме дека тоа нема да се случи, не можевме да ја направиме исплатата и овие пари може да ги користат другите држави, додаде Кос. 

Таа потсети и дека Самитот за Планот за раст на Западниот Балкан требаше да се одржи минатиот месец во Скопје, но беше одложен поради трагедијата во Кочани, па сега најверојатно ќе биде организиран во јуни, за кога Кос и најави дека ќе ја посети земјава. 

МИА

Може да ви се допадне

Раст на цените во Хрватска: Инфлацијата меѓу највисоките во еврозоната
(ВИДЕО) Прихрана и заштита со МЛЕКО: Нема да ги препознаете краставиците и доматитe, оваа мешавина е како ракетно гориво за раст
ЕУ: Најмалку 450 милиони евра резервен фонд за земјоделците за справување со пазарните нарушувања
EK: Вонредна поддршка од 15 милиони евра за земјоделците во Чешка, Словенија и Германија
Претставници од ЕУ на средба во Платежна агенција на тема ИПАРД
Таг:западен балканпланраст
Претходен напис Денеска е Велика среда
Следен напис (ВИДЕО) 24ТВ: Трипуновски во Студио 10 зборува за откупот на јагнето, исплата на субвенциите, активниот повик „Млад земјоделец“…
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?