Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Семенски бомби за лесно сеење цвеќе, без орање и копање
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Семенски бомби за лесно сеење цвеќе, без орање и копање
Совети

Семенски бомби за лесно сеење цвеќе, без орање и копање

Последна измена: 04/01/2023 12:50
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Семенските бомби, за коие се смета дека потекнуваат од Азија, Јапонија или Тајланд, се користат насекаде низ светот, а најмногу се поврзани со таканареченото герилско градинарство. Нивната подготовка е лесна, како и сеидбата. Не е потребно орање и копање. Семенските бомби даваат можност за сеење цвеќе, но и други растителни видови.

Зимата е идеално годишно време кога можете да ги подготвите и да ги искористите на пролет. Тие претставуваат мешавина од почва, семиња и ѓубрива. Идеални се за сеење празни парцели, големи опустошени површини, пошумување и сеење украсни растенија.

Рецепт за подготовка

За да подготвите семенски бомби ќе ви бидат потребни:

гумени ракавици,

сад за подготовка и

сад за сушење.

Во садот ставете два дела земја (едниот може да го замените со компост), пет дела глина во прав, еден до два дела вода и еден до два дела семе. Измешајте ја почвата и глината и постепено додавајте вода. Количината на вода зависи од моќта на апсорпција. Мешајте додека не добиете маса слична на пластелин во која ги додавате семките кои рамномерно ги распоредувате во масата.

Земете мали парчиња глина и направете топчиња со дијаметар до 3 см. Наредете ги во плех и оставете ги да се исушат на собна температура во наредните два до три дена. Најдобро е да ги чувате во затворени картонски кутии на суво и топло место.

При сеидбата семенските бомби не е потребно да се закопуваат и полеваат, а најдобро е да се сеат на пролет кога е доволно топло, во март и април. За сеидба, изберете го времето пред предвидениот дожд. Ќе биде доволно само да ги спуштите на површината на земјата.

Изборот на семиња е голем, невен, ѕвончиња, јаглики, украсна ајдучка трева, мачја трева…, а можете да користите и семиња од лековити растенија. Изберете ги видовите што ги додавате според времето на сеење.

Може да ви се допадне

Супер трик кој ќе ве воодушеви: Како на хортензиите да им ја смените бојата?
(ВИДЕО) Прихрана и заштита со МЛЕКО: Нема да ги препознаете краставиците и доматитe, оваа мешавина е како ракетно гориво за раст
Како да одгледувате зеленчук на балкон
Еве кога се откинуваат првите лисја кај доматите
Како да ги одржувате розите здрави?
Таг:семенски бомби
Претходен напис Во Тетово во 2022 година од 365 денови 108 биле со загаден воздух
Следен напис За божиќните празници сончево со мала облачност и температура до 15 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?