Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ИНОВАТИВНОСТ: Семејството на Мишела Переска почна да произведува ексклузивно масло од лешници, вистинско злато во светот на здравата исхрана и козметиката!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > ИНОВАТИВНОСТ: Семејството на Мишела Переска почна да произведува ексклузивно масло од лешници, вистинско злато во светот на здравата исхрана и козметиката!
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

ИНОВАТИВНОСТ: Семејството на Мишела Переска почна да произведува ексклузивно масло од лешници, вистинско злато во светот на здравата исхрана и козметиката!

Објавено 28/11/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Малкумина знаат дека од лешник може да се произведе масло, можеби зошто кога прво ќе помислите на лешник…тоа е плод кој делува суво и реално е да се помисли дека во него нема масло.

Но, Французите и Италијаните се луди за ова масло, еве извесно време и го употребуваат и во кулинарство и во козметиката. Маслото од лешник е масло со интензивна златна жолта боја и раскошен вкус. Најголеми производители на ова скапоцено масло најверојатно ќе бидат органски фарми на лешник од Турција и САД велат истражувањата.

Но, во селото Ложани, покрај Струга, семејството на Мишела Переска, започна да произведува масло од сопствените насади на лешник и од старт ги освојува избраните купувачи во Македонија и странство, кои претпочитаат врвно масло за гурмански специјалитетити, здрав избор на нерафинирано масло богато со Омега 3-6-9 која е добитна комбинација за здравје. А за козметичките примени на ова масло се пишуваат цели студии.

Мишела, кога и како вие започнавте со производство. Како добивте идеја за производство на масло од лешници?

Со производство започнавме пред 5 месеци. Сѐ започна сосема случајно кога се запознавме со здравствените придобивки на овој производ и искрено не толку сложената постапка за производство. Па си рековме зошто и ние да не започнеме да го произведуваме од нашите лешници. Звучеше доволно предизвикувачки за почеток!

Во светот САД, Франција, Италија и Турција се лидери во производство на масло од лешник. Од каде вие црпевте искуства? Кој ви беше ментор?

Класична обука, односно трансфер на знаење немавме. Ја порачавме машината за масло, ги следевме инструкциите и тоа беше тоа. Бевме во исчекување и со огромно нетрпение да видиме што ќе излезе и во што сме ги вложиле парите. Од првите капки масло бевме воодушевени. Од вкус до интензитет, арома и слатките ноти на лешникот и искрено не зажаливме. Си рековме продолжуваме тоа е тоа, ќе го правиме барем за почеток за наша душа и блискиот круг на пријатели. Но, информацијата  за маслото  брзо се рашири, се зголеми побарувачката и така паралелно го зголемуваме и производство. Во последниот период, добивме поддршка од Slow Food Македонија и преку нив добиваме и мрежа на контакти, но и настани на кои можеме да се презентираме.

Примената е широка, од исхрана до козметика. Но, што кажува науката?

Да, навистина примената е широка првенствено од здравствена гледна точка. Маслото од лешник е богато со витамини, минерали и омeга 3 и омега 9 масни киселини. Специфична состојка е Алфа токоферолот од витаминот Е, кој во козметиката може да се користи за превенција на брчки и егзема и слични состојби на кожата.

Репортажата на новинарката Љубица Ангелкова за Иновативност.мк на следниот линк

Може да ви се допадне

Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
Уапсени вкупно 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – нелегално се стекнале со над 7,5 милиони евра
ММФ предупредува дека широките субвенции и замрзнувањето на цените можат да ја продлабочат кризата
Исплата на субвенциите за тутун – првата недела во јуни, најави директорката Иротова
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Таг:лешникмаслонасадперескасубвенции
Претходен напис Македонски манастирски туризам: Конакот “Гостински Палат”- инвестиција над 900.000 евра од кои околу 500.000 евра се ИПАРД
Следен напис Времето денеска облачно со дожд, а на планините снег
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?