Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Семејството Дроздек ја претвори старата штала во модерен дом
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Семејството Дроздек ја претвори старата штала во модерен дом
Магазин

Семејството Дроздек ја претвори старата штала во модерен дом

Последна измена: 18/01/2020 17:26
Сподели
4 мин. за читање
Сподели

 Идејата ја добив гледајќи ја шталата додека пиев кафе со сопругата. Неа не и се допадна идејата веднаш, но наскоро се премисли, се сеќава на почетоците Далибор Дроздек.

Од стара штала, Далибор Дроздек создаде модерен дом!

 “Идејата ја добив гледајќи ја шталата додека пиев кафе со сопругата. Таа не се согласи на тоа веднаш, но наскоро се премисли, па во 2012 година започнавме со реализација која траеше цела година”, дознаваме од Далибор кој фотографијата за трансформацијата на штала во семеен дом ја објавил на фејсбук групата наречена Мајстор во својот дом.

Објавата предизвикала многу позитивни реакции и коментари. Тој  посочувa  дека не е познавач на градежништвото, но побарал совет од оние што знаат и многу им е благодарен на сите што несебично му помагаа. Научил многу за работата со гипс картон гледајќи на YouTube. За среќа, вели тој, секој што сака да направи нешто денес има можност лесно да побара преку Интернет, а таму има богатство од информации. Важни се  волјата и зацртаната цел .

Не се одвиваше се така лесно

“Мојата сопруга Јелена и јас сработивме најголем дел од работите. Татко ми ми помогна со фасадата и скалите , а покривот, електричната струја, водата, централното греење и столаријата им го оставивме на експертите . Внатрешниот ентериер е дело на сопругата”, вели тој.


Секако имаше и проблеми. Се сеќава на несреќата што се случила на градилиштето.

“Во исто време и соседите работеа градежни работи. Нашата штала била поврзана со кабел за напојување што некогаш се користел и багерот што работел кај соседите случајно го закачил. Останавме без половина зид од предниот дел на шталата. Не бевме таму кога тоа се случи , но соседот веднаш ми се јави. Јас бев во тотален шок кога дознав дека ѕидот е срушен! За среќа, соседите ја санираа штетата и ние продолживме со работата “- раскажуваше Далибор, додавајќи дека имало уште поголеми проблеми, но дека тоа се случува во секоја работа. Објектот сè уште не е готов, но се надева дека ќе биде наскоро. Засега имаат соба со галерија, бања, дневна соба и кујна . Во долниот дел има котлара и две простории што треба да се завршат и кои ќе служат како канцелариски простор за нивната фирма.

Инаку на фармата тие одгледуваат калифорниски црви “Куќата со земјиштето ја купив на 23-годишна возраст за да одгледувам калифорниски црви и имав  желба  еден ден да живеам таму. Јас во последните 14 години одгледувам калифорниски црви. Во 2015 година ја отворивме фирмата ДРОЗДЕК  за да го продаваме здравиот зеленчук произведен врз хумусот добиен од калифорниски црви. Меѓутоа се појави побарувачка за хумусот и во 2019 година запишавме дополнителна активност: производство на хумус на фармата. Полека го зголемуваме производството на хумус, но ќе го намалиме производството на зеленчук. Ние имавме мала фарма и моментално работам само јас, вели 35 годишниот Далибор од мало селото во околината на Бродско-Посавскиот регион.

По професија е електротехничар и е вработен во термоцентралите на компанијата Ѓуро Ѓаковиќ. Сопругата работи како учителка во регионалното училиште во селото и во моментот е на породилно отсуство. Имаат синови Јан (4) и Лукас (1).

“За да го финансирам проектот, работев многу прекувремено. Ние, исто така, подигнавме и кредит. Но, не ни е жал и се радуваме на тоа што го постигнавме”- заклучува Дроздек.

Извор : Агроклуб.рс

Може да ви се допадне

Македонското макало моментално е најдобриот сос на светот а може да се направи за 5 минути
Дали млеката од растителна основа се навистина поздрава? Секогаш проверувајте ги овие состојки на етикетата
Градинарството како лек: Како работата во природа го подобрува менталното здравје и го продолжува животот
Како телото „кажува“ дека има недостаток на витамин Ц?
Избрани овогодинешните зет и невеста за Галичка свадба – Јован и Лилјана
Таг:одстар штала до современ домпроизводстрво на хумусфарма за глисти
Претходен напис Тутунарите од Долнени на средба во МЗШВ
Следен напис Традиционалниот македонски бурек на меѓународниот саем „Зелена неделa“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?