Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Седум работи што можете да ги користите во градината за подобри приноси, а ги имате во домот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Седум работи што можете да ги користите во градината за подобри приноси, а ги имате во домот
Совети

Седум работи што можете да ги користите во градината за подобри приноси, а ги имате во домот

Објавено 23/03/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Веројатно ќе се изненадите колку работи имате во вашата куќа, кои ви се на дофат на рака, а можете да ги користите во градината.

Овие 7 работи во домаќинството кои често се користат и/или најчесто се фрлаат, можат ефикасно да се користат во градината.

  1. Зовриена вода со растителни остатоци како дополнителна прихрана

Растенијата може да ги прихраните со свежи отпадоци што останале по подготовката на ручекот, на пример, да ги сварите остатоците од компирите, да ги изладите и со таа течност да ги залеете растенијата.
Покрај тоа, градинарските растенија можете да ги наводнувате со вода што сте ја користеле за готвење компири, јајца, тестенини, брокула, спанаќ, тиквички или пченка. Важно е водата да е несолена и да е изладена.

  1. Кора од банана како ѓубриво за растенијата

Кората од банана е многу здрава и има широка примена. Богата е со калиум, а обезбедува и пристојни количини на калциум и фосфор.
Еден од наједноставните начини е да ја исечете на парчиња и да ја закопате плитко во земјата околу растението (длабочина до 10 см). Може и да ги исушите корите од бананите, да ги исечкате, и потоа да ги расфрлате околу растенијата.

  1. Хартијата – фантастичен мулч

Стара хартија од пекарски производи, искинати хартиени кеси, ролни од тоалетна хартија… сето тоа можете да го користите како мулч. Едноставно ставете ја хартијата на основата на растението (исечете ја ролната) за да спречите раст на плевелот, и потоа додадете слој мулч за да ја камуфлирате хартијата. Ако плевелот е упорен, искористете двослојна или трослојна хартија.
Можете да користите и стари картонски кутии.

  1. Употребете вреќички чај за вашите растенија

Како што чаевите имаат позитивен ефект врз нас, така можат позитивно да влијаат и на растенијата. Вашите растенија ќе ги сакаат влажните состојки во кесичките чај. Сѐ што треба да направите е да ја отворите кесата и да ја расфрлите содржината околу растенијата.
Остатоците од чајот ја подобруваат структурата на почвата и ги хранат црвите. Ќесичките чај од нане се добри за одвраќање на мравките.

  1. Аспирин против инфекција на растенијата

Можете да им помогнете на вашите растенија да се борат со инфекциите со помош на аспирин. Аспиринот може да помогне во борбата против габични заболувања. За да користите аспирин во градината, растворете 2-3 таблети во 4 литри вода и потоа истурете ја водата во почвата околу вашите растенија. Можете да користите и фолијарен спреј, но не претерувајте, бидејќи може премногу да ги изгори растенијата.

  1. И растенијата уживаат во кафе

Кафето содржи хранливи материи, вклучувајќи азот, калиум, фосфор и антиоксиданси. Можете да ги полевате растенијата со остаток од разредено кафе. Цвеќето исто така сака кафе, а кафето ќе помогне да се заштитат растенијата од паразити.

  1. Сода бикарбона во борба против пепелница и други габични заболувања

Сода бикарбоната е многу ефикасно средство кое може да ги одврати штетниците и да ги заштити растенијата од габични заболувања. Таа е одлична алтернатива на фунгицидите и инсектицидите, не е штетна за растенијата, кои ќе дадат сочни плодови без присуство на нитрати и бакар. Покрај тоа, не ги уништува корисните инсекти и микроорганизми.
Само измешајте една кафена лажичка (5 мл) сода бикарбона со 4 литри вода. Можете исто така да додадете пола лажичка (2,5 мл) течност за миење за садови за да му помогнете на растворот да се залепи на растенијата. Растворот се прска фолијарно (над листовите) на растенијата 1 неделно, секоја недела во текот на сезоната на растење.

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Таг:бананачај
Претходен напис Од анализите на Министерството за економија зависи дали ќе има други производи со замрзнати цени
Следен напис Битиќи вели дека ќе има доволно свежо свинско месо и најави мерки за помош на одгледувачите на свињи од Кумановско
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?