Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Седум активни пожари до 18:00 часот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Седум активни пожари до 18:00 часот
Агровести

Седум активни пожари до 18:00 часот

Објавено 20/07/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Состојбата со пожарите на територијата на Македонија и денеска останува алармантна. Според официјалните податоци заклучно со 20 јули 2025 година до 18:00 часот, евидентирани се вкупно 15 пожари на отворен простор. Од нив, 7 се сè уште активни, 2 се под контрола, а 6 се целосно изгаснати.

Меѓу најсериозните активни пожари се издвојуваат оние кај селата Нивичино во Општина Василево и кај Грешница во Општина Македонски Брод, каде што гори мешана шума, нискостеблеста вегетација и смрека. Пожарот во Македонски Брод повторно се реактивираше помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа, зафаќајќи деградирана дабова шума.

Активни пожари има и во Прилеп (помеѓу Царевиќ и Смолани), во Струга (меѓу Октиси и Белица), како и во Ресен и Маврово-Ростуше.

Две огнени линии се ставени под контрола: кај село Желино кон планината Жеден и кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци во општина Велес.

Пожарникарските и шумските служби, заедно со локалното население, вложуваат огромни напори за справување со огнената стихија. Досега се изгаснати шест пожари, меѓу кои во Студеничани, Крушево, Куманово и Липково.

Надлежните апелираат до граѓаните да бидат внимателни и да не палат огнови на отворено, со оглед на ризикот од проширување на пожарите, особено поради високите температури и сувата вегетација. Ситуацијата останува променлива и будно се следи на терен од страна на сите надлежни институции.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:изгаснетиконтролапожарисостојба
Претходен напис Доаѓа нов топлотен бран, психолозите порачуваат: Се зголемува хормонот на стрес, се појавуваат раздразливост и немир – намалете со темпото, побарајте стручна помош!
Следен напис ЕУ се подготвува да преземе мерки против „Тему“ и “Шеин“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?