Во германските сојузни покраини кои се посебно погодени од сушата неодамна е забележан силен раст на одгледување на сирак.
Сиракот или сорго (лат.Sorghum vulgare) се користи во исхраната на луѓето (зрното), хранење на стоката ( зрното и целото растение) но и во преработувачката индустрија (зрното, стеблото и метличката). Од него со преработка може да се добие гликоза, скроб, шеќер, глутен, алкохол, пиво…

По својот хемиски состав неговото зрно е слично на пченката но подобро поднесува неповолни временски услови. Тоа го препознале германските полјоделци кои почнале се повеќе да го сеат. Така во 2015 година на нивните ниви биле засеани околу 8.600 хектари од оваа житарка, а во 2020 бројот се зголемил на 11.100 хектари.
Така од вкупните обработливите површини во Германија, со оваа житарица се насеани околу 0,1 % , пишува agrarheute.
Добро ја поднесува сушата
Во сојзуните покраини кои се особено погодени од сушата неодамна е забележан силен раст на одгледување на оваа култура, а тоа посебно се однесува на Саска-Анхалт и Браденбург. Исто така и во Баварската област во текот на последните три години забележано е зголемување на површините засеани со сирак. Во останатите делови растот е умерен до стагнирачки.
Според Германскиот одбор за пченка (DMK), тешко е да се предвиди како ќе се развива неговото производство во следните години. Истакнуваат дека тоа најмногу зависи од тоа, во која мера набраните производи ќе можат да се користат на фармите.
Исто така, понатамошниот развој на производство на биоплин ќе одреди дали сиракот, повеќе или помалку ќе се користи како замена за пченката.

Замена и за силажната пченка
Поради својот биохемиски состав и вреднсота на крмата некои сорти на сирак се добри како додатоци или дури и замена за силажната пченка.
Инаку, ова е растителен вид адаптиран за сувите подрачја, а неговиот длабок и разгранет коренов систем има добар пристап до водата. Неговата способност за собирање на вода од почвата се смета за одлучувачка за добар род во текот на сушните години.
Извор: agroklub.com
