Покрај реформата на системот на субвенции максималната искористенот на #ИПАРД, системите за наводнување и капиталните проекти се еден од столбовите за кои што постојано работиме во овој период и се нашите главни цели. Затоа со германската развојна банка сме во фаза за распишување на тендерските постапки за 4 големи системи за наводнување во износ од 120 милиони евра, парите се обезбедени, Законот е донесен, проектната единица е формирана и ние се гордееме што во Северна Македонија денес збориме за нови 4 системи за наводнување.
Воведуваме нова мерка за поддршка на бизниси идеи во следните 5 години. Се помагаат помалите фармери чија основна дејност е земјоделството, за инвестиции и проширување на производството, или почнување нов бизнис. Овој повик ќе е отворен цела година и ќе трае до исцрпување на средствата. Наместо ние да одредуваме за што ќе се дава поддршка, земјоделецот ќе може сам да подготви план и да аплицира за набавка на трактор, силос, систем за наводнување или друга инвестиција.
Фејсбук статус на Љупчо Николовски – Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
