Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски за Топ Тема: Храбро креираме нов модел за субвенционирање – Наша цел е зголемено производство предадено во домашни капациети
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски за Топ Тема: Храбро креираме нов модел за субвенционирање – Наша цел е зголемено производство предадено во домашни капациети
Агровести

Николовски за Топ Тема: Храбро креираме нов модел за субвенционирање – Наша цел е зголемено производство предадено во домашни капациети

Објавено 14/09/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски вечерва гостуваше во емисијата Топ Тема на Телма телевизија.

Посветено работевме за да подготвиме нов и пофункционален модел за субвенционирање, кои храбро, отворено и транспарентно го презентираме пред земјоделците потенцираше министерот Николовски.

„Со новиот предлог не се крати ништо од досегашната поддршка која ја добиваат земјоделците, останува истиот буџет распределен во повеќе програми за поддршка. Основата на костурот е токму премин од еден систем во кој субвенциите беа исплаќани по површина на земјоделските стопанства и фармерите сега таа поддршка ќе ја добиваат како основна субвенција за тоа што ја обработуваат земјата, а другиот дел од субвенциите  го врзуваме со производството, односно да докажат дека имаат производството кое е дадено или предадено на регистрирани преработувачки капацитети, трговци или купувачи и притоа да остварат приход“ истакна министерот Николовски.  

На новиот концепт се работеше шест месеци и беше презентиран пред Агро Советот, а следува презентација пред подсекторските групи како и теренски средби со земјоделците, се цел да го објасниме и до крајот на годината да го утврдиме овој нов модел,кој ќе биде долгорочен.

„Програматa за рурален развој прераснува во инвестициска програма за поддршка, со посебен акцент на малите производители и на регистрираните земјоделци. Воведуваме нова мерка за поддршка на бизниси идеи во следните 5 години. Се помагаат помалите фармери чија основна дејност е земјоделтвото, за инвестиции и проширување на производствтото, или почнување фабрики за расад. Овој повик ќе е отворен цела година и ќе трае до исрпување на средствата. Наместо ние да одредуваме за што ќе се дава поддршка земјоделецот ќе може сам да подготви план и да аплицира за набавка на трактор, силос, систем за наводнување или др инвестиција“ истакна министерот Николовски.

Една од работите на која министертвото работи во овој период е земјоделското осигурување, преку креирање на осигурителен пул преку кој планираме првите три години трошоците за осигурување да бидат покриени од државата. Овој концепт е зависен од донесувањето на законот за задолжително земјоделско осигурување, но и од добивањето на средства од програма на ФАО во висина од 50 милиони евра за кои веќе подготвивме проект и аплициравме. На овој начин го решаваме проблемот со штетите во земјоделството и ја забрзуваме постапката за исплата на штетите.

Наша задача како министерство е да понудиме решенија за сите проблеми кои ги мачат земјоделците. Максимално посветено и одговорно се движиме и работиме кон целите кои ги имаме поставено, да креираме добар систем за субвенционирање кои дава резултати и го зголемува домашното производството кое пред останува дома во домашните преработувачки капацитети, вложување во капитални инвестиции за изградба на нови водоснабителни капацитети, максимална искористеност на средствата од ИПАРД програмите и модернизација на земјоделството, реформа во секторот шумарство и водостопанство и ставање на фокус кон малите земјоделци преку системот за продажба од праг.  

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Ипардмзшвмоделсубвенции
Претходен напис Николовски: Субвенциите се зголемени за 300 проценти за оризопроизводителите и граѓаните тоа треба да го знаат
Следен напис Се воведува нова мерка со која земјоделецот ќе може сам да подготви план и да аплицира за набавка на трактор, силос, систем за наводнување или друга инвестиција
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?