Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се ставаат во мирување сите рокови за отворени повици од Националната и од ИПАРД програмата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Се ставаат во мирување сите рокови за отворени повици од Националната и од ИПАРД програмата
Агровест

Се ставаат во мирување сите рокови за отворени повици од Националната и од ИПАРД програмата

Објавено 10/04/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата на Република Северна Македонија донесе Уредба со која се ставаат во мирување сите рокови за отворени повици за Националните и за ИПАРД 2 Програмата, соопштија на денешната прес-конференција министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) Николче Бабовски.

Целта на донесувањето на Уредбата, е поради тековната вонредна состојба поради пандемијата предизвикана од вирусот КОВИД-19, а со цел да се излезе во пресрет на сите корисници на финансиска поддршка од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

„Овој период, искористете го за подготовка на квалитетни проекти и за производство на домашна храна, а по вонредната состојба, сите заедно да го завршиме и административниот дел, кој сега го ставаме во мирување. Ве охрабрувам сите, во овој период да продолжиме со домашно производство на земјоделски производи и нивни преработки, затоа што само така, можеме заеднички да се справиме со секој предизвик и да овозможиме развој“, изјави министерот Димковски.

Согласно донесената Уредба, престануваат да течат и роковите за доставување на барања за финансиска поддршка и по ИПАРД 2 и по Националните програми за време на вонредната состојба, истите ќе продолжат по престанокот на вонредната состојба. Со носењето на оваа Уредба, престанува да тече процесот за поднесување на барањата и за Мерка 1 „Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства“ од ИПАРД 2 Програмата.

Огласот требаше да биде отворен до 29 – ти април, но, тој рок сега е вон сила. Новиот рок за поднесување на барањата ќе биде дополнително соопштен а истиот ќе зависи од тоа кога би биле тргнати вонредните мерки кои ги носи Владата на РСМ.

Директорот на АФПЗРР, Бабовски, појасни дека со ова се дава можност на заинтересираните физички и правни лица кои сакаат да аплицираат а заради вонредната состојба со „КОВИД – 19“ не се во можност да ја приберат потребната документација да можат откако ќе се нормализира целата состојба да ги приберат потребните документи и да ги достават до АФПЗРР до рокот кој ќе биде определен дополнително.

„Преку овие сет на мерки обезбедуваме намалување на штетните последици кои би ги имале странките во постапката со губење на одредени права на финансиска поддршка поради неисполнување  на законските рокови за набавка на опремата за која склучиле договори а заради вонредната ситуација и не по нивна вина не се во можност навреме да ги достават документите, или да ги завршат проектите за кои потпишале договори. На овој начин, сакаме да ве растеретиме од бркање на рокови и создавање на дополнителен притисок“, рече директорот Бабовски.

Апликантите кои претходно имаат склучено договори со АФПЗРР, за реализација на инвестиции ќе добијат продолжување на роковите кои ќе почнат да течат по завршување на вонредната состојба.

Може да ви се допадне

Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Мерки за закрепнување на лозјата по период на доцни пролетни мразеви
Мицкоски: Според применетите мерки, како држава сме во првите три во Европа, тоа го потврди и ММФ
НЗМ предупредува: Во последно време се засадуваат големи површини со тутун од страна на правни лица и одредени бизнис-групации
Таг:ИпардмеркиТрајан
Претходен напис АФПЗРР: Роковите определени во договорите за реализација на инвестицијата престануваат да течат за време на вонредната состојба
Следен напис МЗШВ: Известување за правила за движење за сите земјоделци кои не се евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС)
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?